Таг: арсенал

Врвно уживање за секој навивач на Арсенал

Драги Топџии, нема да видите ништо поубаво по интернетов деновиве на тема Арсенал.

Во Лондон се раздени, фудбалерите уште слават

Слатка им е титулата на Топџиите, најслатка во свет после толку многу чекање. Немаше спиење ноќеска ни за играчите, ни за навивачите. И допрва ќе се слави. Ги начекаа со телефони прво ноќта, а потоа и утринава.

Како реагираа фудбалерите на Арсенал на крајот на 22 годишното проклетство

Северен Лондон е во транс. Чекаше од 2004-та и го дочека безценетиот момент, а тоа е Арсенал да ја освои Премиер лигата.

Анкета на која и 15 секунди и беа многу

Се ближи 11 јуни, возбудата расте. Одиме со првите прогнози.

Најважната ВАР драма на сезоната во Премиер лига

Финишот од сезоната во Премиер лигата влегува во кулминација. Арсенал го доби Вест Хем со 0:1 со голот на Леандро Тросар во 83-та, а судиското продолжение им ги стресе нозете на навивачите на Арсенал, откако Калум Вилсон го израмни резултатот и за момент му заврши голема работа на Сити.

Емоцијата кога ќе се израдуваш на финале во ЛШ после 20 години

Бандата на Микел Артета прави големи работи сезонава. На 30 мај на Пушкаш арената во Будимпешта, ќе има можност да го крене првиот пехар во ЛШ, за прв пат во нивното 139 годишно постоење. Ако ги добие сите три кола до крај во Премиер лига, таму ќе патува како шампион, трофеј за кој чека од 2004-та. Клипов во само 40 секунди покажува колкава е радоста во Северен Лондон.

Емирати е во транс, Арсенал е финалист во ЛШ после 20 години

Арсенал дочека финале во Лига на шампиони после две децении откако го доби тешкиот мега дуел против Атлетико Мадрид. Човек на одлука Букајо Сака.

Коментар на сезоната кој го отсликува менталитетот на Арсенал

Веќе традиционално, кога се наближува крајот на сезоната, колку и да му оди добро, Арсенал не е Арсенал, ако не ја уплеска. Манчестер Сити им ја зеде лидерската позиција на само 4 кола до крај. Со други зборови, првиот коментар кажува сè.

Што вели распоредот за титулата во Премиер лига и кој е фаворит?

Баерн Минхен е шампион на Германија, Интер е речиси на пиадесталот, Барса води со +9, ПСЖ ако го добие заостанатиот меч ќе биде на +4. Најкомпликувано и најнеизвесно е на островот.

Во борба за титула ова не смее да се промаши

Во Премиер лига тек сега почнува драмата. Сити го победи Арсенал викендов и му се доближи на 3 бода и тоа со меч помалку, што значи за многу кусо време може и да се израмнат. Топџиите се први цела сезона, но ако сакаат таму да останат, не може да си дозволат утки кога имаат чист шанси за гол. Каи Хаверц излезе пред голман при резултат 1:1 и ја шутна право во него.

Како изгледаа Арсенал и Лацио во ЛШ пред 25 години?

Да те фати страв, само нападот кога ќе им го видиш на Арсенал со Бергкамп, Анри и Кану, зад нив Виера и Љунберг, позади Тони Адамс и Мартин Кион. Тренер Венгер се разбира. Лацио со Свен Горан Ериксон на клупа и играчи како Михајловиќ, Неста, Верон, Симеоне, Станковиќ, Лопез, Недвед. Какви култни екипи.

Ова е тоа „се фрли како мачка?“

Една од најјаките, ако не и најјака голманска интервенција на синоќешните реванш осминафинални средби од ЛШ е онаа на Давид Реја, кој не им дозволи на фармацевтите ниту намалување на резултатот од 2:0.

Голчиштето на Вулверхемптон и несреќниот автогол на Арсенал во 94-та

Фудбалерите на Арсенал направија голем и неочекуван кикс во 27. коло од Премиер лига. Прокоцкаа водство од 0:2 против последнопласираниот Вулверхемптон кој е удавен со 10 бода. Убав гол даде Хуго Буено во 61-ва минута, а потоа од карамбол топкава влезе во гол во 94-та минута. Му го запишаа како автогол на Калафиори.

По колку бода освојуваат Арсенал и Манчестер Сити во последните 12 кола?

Велат потешко е да се освои првенство од Лига на шампиони, бидејќи за тоа се потребна конзистентност од август до мај следната година. Нешто што веројатно на Топџиите очигледно им недостасува. Разликата меѓу Арсенал и Манчестер Сити сега е само 5 бода, но составот на Пеп има меч помалку. Арсенал на последните 7 меча има само две победи, пораз од Јунајтед и четири нерешени меѓу кои со екипи како Нотингем Форест, Брентфорд и синоќа Вулверхемптон. Погледнете ја оваа занимлива статистика од изминативе четири сезони.

Рекордот на Арсенал во ЛШ

Арсенал игра перфектна сезона или барем така личи до сега. Синоќа славеа 1:3 на тешкото гостување против Интер и стигнаа до 7 од 7, што им е рекорд во Лига на шампиони. Никогаш претходно не успеале да добијат 7 меча по ред во најелитното клупско натпреварување. Инаку гол разликата им 20:2. Во Премиер лига се први со +7 пред Сити и Астон Вила. Ветувачка сезона а?

Пас на голманот на Арсенал за во учебниците

Давид Раја на мечот против Баерн се истакна со додавање, кое гориме од желба да го видиме од сите агли. И тоа на тацна го најде. Нема рогање, нема паника. Погледнете ја оваа уметност.

Тотенхем е на пиадесталот со трол видеа

Кутрите 64 години чекаат титула во Англија. На последниот меч загубија 4:1 од Арсенал, резултат кој се смета за огромен дебакл во градско дерби. Гори нетот после поразот.

Парадата на вечерта ја има Давид Раја

Со головите на Мартинели и Сака, Арсенал го реши Олимпијакос во 2. коло од ЛШ. Гостите веројатно го видоа голот на израмнување во 20 минута, со прекрасен волеј, но Давид Раја направи блескава интервенција.

Уште навивач на Арсенал фалеше во Билбао

Сè е во знакот на премиерлигашите во финалето од Лига Европа во Билбао. Вечерва битка за трофејот и за пласман во ЛШ имаат Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а меѓу навивачките групи кои веќе се здавија по улици и барови, имаше и еден падобранец кој одлично помина.

Екипи со најмногу потрошени пари за одбрана изминативе 5 години

Што ли купувале Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои ќе испаднеа за малку сезонава или Арсенал? Па трофеј со очи немаат видено овие три екипи. На Манчестер Сити му се исплати овој влог, тројна круна освоија, а најинтересен е податокот на Реал Мадрид. Со 5 милиони евра вложени изминативе 5 години за одбрана, освоиле 12 трофеи од кои две во ЛШ.

Фејк е ова така?

На Твитер се врти една фотографија од наводната кореографија на навивачите на ПСЖ, кои ги ремететат гостите од Лондон, како и Сака со помош на Антони. Не ќе да е вистина.

Војна е ова или славје за пласман во финале?

ПСЖ го елиминираше Арсенал и по пауза од 5 години повторно ќе игра финале во ЛШ. Но во Париз синоќа било хаос. Твитер профилите наменети за ултраси, пишуваат дека северноафрикански и алжирски банди уништувале коли, автобуси, дуќани, ја напаѓале полицијата и така „ја славеле“ победата.