Голчиштето на Вулверхемптон и несреќниот автогол на Арсенал во 94-та
Фудбалерите на Арсенал направија голем и неочекуван кикс во 27. коло од Премиер лига. Прокоцкаа водство од 0:2 против последнопласираниот Вулверхемптон кој е удавен со 10 бода. Убав гол даде Хуго Буено во 61-ва минута, а потоа од карамбол топкава влезе во гол во 94-та минута. Му го запишаа како автогол на Калафиори.