Таг: арсенал

Мајсторија од пола терен на Емирати

По регуларните 1:1 и вкупни 3:3, Спортинг го исфрли Арсенал од Лига Европа на пенали, а го постигна и голот на колото. Ремек делото е на 24 годишниот Педро кој го измами Арон Рамсдејл со скроз неочекуван волеј од 50 метри.

Оптимистички муабет на навивач на Арсенал кој стана погубен

Напатените топџии кои 19 години сонуваат за титула во Премиер лига ја прокоцкаа долгата лидерска предност и сега со натпревар помалку се втори зад Манчестер Сити со кој имаат ист број на бодови. Некој тоа го прогнозирал, промашувајќи само еден гол кој секако не менува ништо.

Пазете го сега Египќанецот колку ќе се изнаигра на лондонското дерби

Навивач од трибини со мобилен ја лови последната измена на мечот Арсенал - Вест Хем 3:1. Во игра влегува Мохамед Елнени на местото на Томас Парти. Му изброија дури 22 секунди на терен, по што судијата свири крај. Еден пишал дека со оваа партија докажал дека е новиот Пирло.

Кое е 15 годишното дете на Арсенал на кое навивачите му пееја дека утре ќе оди во школо?

Итан е толку млад, што треба да биде среќен што воопшто го има на Википедија и треба да биде пресреќен што доби шанса за настап во Премиер лига. Ниту еден друг играч роден 2007-ма не настапил во топ 5 лигите во Европа. Уште не бил роден кога Зидан се пензионираше.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Очај и гнев кога осма година по ред ти бега ЛШ

На специјалистот за четврто место во Премиер лига веќе му стана недостижно тоа пусто четврто место. Синоќа загубија од Њукасл, кој не се бори за ништо и во последно коло влегуваат како петти со -2 зад Тотенхем. Очајот на еден ист навивач снимен две сезони по ред. Бара да им се вратат парите на навивачи кои биле на гостување.

Необична случка со навивач кој се врза за стативата на Емирати

Во терминот за ЛШ, синоќа се играа и две средби од Премиер лигата. На мечот Арсенал - Ливерпул имаше необичен инцидент или како и да се вика ова.

Оди види дали сум таму

Фудбалерите на Арсенал со 5:1 го елиминираа Сандерленд во Лига Купот, а најатрактивната игра еден на еден ја имаше Николас Пепе, кој го понижи противникот.

Голчиште на Евертон во 92-ра минута за пресврт и победа над Арсенал

Евертон славеше 2:1 против Арсенал на последниот меч од 15. коло во Премиер лигата, а мечот го реши Демаре Греј со јак гол во судиското продолжение. „Гудисон парк“ еруптираше, а голманот на Топџиите само ја гледаше топката.

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Влаховиќ нема ни да им крене телефон на Арсенал

Не е лесно да си навивач на Арсенал. Едно што треба да патиш поради резултатите, а друго што треба да се објаснуваш со навивачи на појаки екипи и да ти е глупо кога ќе се појави предвидување како ова горе.

Детето на Арсенал даде чудесен гол

Арсенал конечно да победи убедливо. Додуше го начекаа Вимблдон во Лига Купот па го совладаа лесно и комотно со 3-0. Лаказет и Емил Смит Роу ги доведоа „топџиите“ во водство од 2-0 а третиот гол на младиот шпиц Еди Нкетија (22) ќе се збори сезонава.

Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.

Арсенал дај друго дете

Артур Оконокво е главна тема меѓу љубителите на Премиер лигата откако синоќа на првата пријателска средба на Арсенал на подготовките, направи голем кикс на мечот против шкотски Хибернијан. Топџиите изгубија 2-1 а 19-годишниот Оконкво ќе мора уште многу да пројде за да стане прв голман на екипата.

Господин Лига Европа - 5-ти пат ќе игра во финале

Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.

Закана на денот од УЕФА

Суперлигата е топ тема на денот по која има безброј реакции, но и доста заебанции. Во Лондон можат да бидат мирни, бидејќи УЕФА ништо не им може. Барем на овие две екипи.

Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Феноменален гол со рабона на Ламела

На градското дерби Арсенал - Тотенхем гостите први поведоа со 0-1 и тоа со неверојатниот гол на Аргентинецот Ерик Ламела. Рабона каква што многу ретко се гледа. Арсенал до полувреме израмни преку Мартин Едегард. Ламела во вториот дел за само 7 минути доби два жолти картони и беше исклучен, а „топџиите“ победија 2-1.

Расказот на Арсен Венгер за тоа што може една будалетинка да ти направи

Душевната болка која што ја претрпел Арсен Венгер а предизвикана од една гнасна, одвратна клевета која се скандирала на стадионите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, ја пренесува во неговата автобиографија и вели дека уште нема одговор зошто тоа му го направиле.

Бомбата на Жоао Мутињо која мора да влезе во Топ5

Мечот Вулверхемптон - Арсенал од 22. коло во Премиер лигата ќе се памти по 2 изузетно глупи црвени картони на гостите и по страшниот гол на Жоао Мутињо за победа од 2-1 на Вулвси.

Дали е нормално ова што го направи голманот на Арсенал?

Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.

Најбогатиот фудбалер на светот, внук на принцот од Брунеи, игра за Маритимо

Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?

Радоста на навивачите на Арсенал што се во топ 10

Густо е во Премиер лига, па така на пример шестиот на табела е на -8 бода до првиот и тоа со две утакмици мање. Пусти Арсенал никако да влезе во густото, али добро и вака не се лоши.