ПСЖ го освои Лондон и се доближи до финалето

Шампионот на Франција оствари голема победа на Емирати и со минимална предност влегува во реванш полуфиналето од ЛШ, кое се игра веќе следната недела.

Арсенал немаше пораз пред своите навивачи на 11 натпревари во ЛШ, а серијата им ја прекина Осман Дембеле, кој постигна ран и одлучувачки гол во 4 минута за конечни Арсенал - ПСЖ 0:1.

Акцијата одеше во три потези, а му асистираше Квича Кварацхелија.

Првата полуфинална битка мина со динамично темпо и шанси на двете страни, но недостасуваше реализацијата. Топџиите немаа лек за одличниот Донарума, кој спаси чисти голови.

Реваншот е закажан за на 7 мај, а вториот полуфинален натпревар се игра утре од 21 часот кога на Монжуик ќе се сретнат Барселона и Интер.

 
29 април 2025 - 23:00