Девет животни лекции од Тим Минчин

Не биди  во постојана потрага по среќа. Среќата е како оргазам, ако многу мислиш на тоа, ништо од тоа. Не мора уште сега да знаеш што ќе правиш со остатокот од својот живот. Повеќето луѓе кои знаеја што со себе кога имаа 20 години, сега се во тешки кризи на средните години. И не биди сељак со келнери.

1. Не мора да имаш сон

Американците по талент шоуа секогаш зборуваат за своите сништа. Ако твојот сон е доволно голем за да му го посветиш целиот свој живот, кога ќе дојдеш до таа точката и ќе погледнеш во амбисот на безначајноста на тој сон, и онака ќе бидеш речиси мртов, па не е важно.  

Јас никогаш сум немал такви сништа. Навивам за страсна посветеност на исполнување краткорочни цели. Биди микро-амбициозен. Загњури во тоа што го правиш со задоволство и гордост... никогаш не знаеш што од тоа може да излезе. Знај дека следната работа која вреди да ја бркаш ќе биде нешто ќе се појави на периферијата на твоето внимание. Ако постојано си загледан во нешто далечно, нема да го видиш она што е пред тебе.

2. Не ја барај среќата

Среќата е како оргазам. Ако премногу мислиш на тоа, ништо од тоа нема да излезе. Зафати се со нешто за кое знаеш дека некого друг ќе направи среќен па очекувај дека и ти ќе видиш аир од страничните ефекти. Не сме еволуирале да бидеме постојано задоволни со себе. Постојано задоволниот од себе хомо еректус бил изеден од предатори пред да ги предаде своите гени на потомството. 

3. Запамти, сè е среќа

Без разлика дали со роден богат или сиромашен, среќа е што воопшто постоиш. Сознанието дека твоите успеси не се само твои а твоите неуспеси не се само туѓи, ќе те направи поскромен и почувствителен. Емпатијата е интуитивна но на неа можете да работите со својот интелект.

4. Вежбај

Играј спорт, јога, пумпај мускули, трчај... што и да е. Но грижи се за своето тело. Ќе ти треба. Многумина од вас ќе живеат речиси сто години а и најсиромашните меѓу вас ќе достигнат ниво на богатство за кое повеќето луѓе во историјата не можеле ни да сонуваат. И тој долг и луксузен живот што е пред вас ќе ве направи депресивни. Работиш, трчаш, вежбаш, се уморуваш, заспиваш... нема кога да те совладаат длабоките егзистенцијалистички дилеми.

5. Биди строг кон своите ставови

Познатата досетка вели дека ставовите се како шупци, секој ги има. Да додадам, за разлика од вашиот шупак, овие треба постојано и темелно да се испитуваат. Биди немилосрден кон своите убедувања. Изнеси ги на тераса и добро размавај ги со метална мрежа зе тресење теписи. Биди интелектуално ригорозен. Идентификувај ги своите предрасуди, застранувања и привилегии.

6. Биди учител

И да не си учител, биди учител. Учителите се најважните луѓе на светот. Споделувај ги своите идеи. Одушеви се од она што си го научил и рашири го.

7. Дефинирај се себе со она што го сакаш

Го гледам тоа постојано на интернет, куп луѓе што мислат дека се дел од некоја субкултура затоа што нешто мразат, дали Колдплеј, фудбал, феминистки, партии.... Пробај да ја изразиш својата страстност преку она што го сакаш. 

8. Почитувај ги луѓето кои се помалку моќни од тебе

Многу важни одлуки за луѓето со кои работам сум донел врз основа на тоа како тие ги третираат келнерите во рестораните. Не ми е гајле дали си најмоќниот човек во просторијата. Ќе судам за тебе по тоа како се однесуваш со оние што имаат помала моќ од тебе.

9. Не брзај

Не мора уште сега да знаеш што ќе правиш со остатокот од својот живот. Повеќето луѓе кои на 20 години знаеја што ќе прават со себе, сега се во тешки кризи на средните години. Некогаш ќе бидеш тажен, некогаш среќен. И после ќе бидеш стар. И после ќе бидеш мртов.

Постои само една разумна работа која можеш да ја направиш со својата празна егзистенција. Исполни ја.

Тим Минчин, австралиски музичар, актер и комичар, во говорот по повод примањето почесен докторат од Универзитетот на Западна Австралија.

 

31 октомври 2017 - 13:40