Зевс: Што е ова, не го сакам ова.
Хера: Ова е нашиот син, само што го родив, го крстив Хефес.
(Зевс го шутира детето од Олимп право во Егеј)
Зевс: Кој син? Не гледам син.
Зевс: Сакаш да се смуваме?
Ио: Па нели си женет?
Зевс: Нема гајле жена ми, имаме отворена врска.
Ио: Пууу, ок тогаш.
(небото почнува да се затемнува)
Зевс: Срање, наебавме.
Ио: Што ти е бре?
Зевс: Доаѓа жена ми.
Ио: Па нели рече дека жена ти нема проблем со...
Зевс: Ќути бе, морам да мислам.
(Зевс ја претвора Ио во крава и се навалува кон нејзе)
Зевс (шепотејќи): Извини. Ќе те вратам назад само да си отиде мојава.
Хера: Што правиш бе ти тука доле?
Зевс: ТИ ЈА КУПИВ КРАВАВА, НЕ ЛИ Е ОВАА КРАВА ОДЛИЧНА, ОВА Е ПОДАРОК ЗА ТЕБЕ И МОЖЕШ ДА ЈА ЧУВАШ ЗАСЕКОГАШ И ДУРИ И ДА ЈА УБИЕШ И ДА ЈА ИЗЕДЕШ АКО САКАШ.
(шепотејќи кон Ио) извини, ама многу извини.
Зевс: Ок, тато е мртов, одлично. Ајде се' да поделиме.
Посејдон: Ок.
Хад: Ок.
Зевс: Посејдон ти ќе ги владееш океаните.
Посејдон: Ок.
Зевс: Јас го земам небото и Олимп, исто и бурите и невремињата, а исто така сум и татко на сите.
Посејдон: Чекај, чекај, што?
Зевс: Хад, ти може да ја имаш земјата.
Хад: Мислиш Земјата.
Зевс: Не. Геја и понатаму ја има Земјата, ти може да ја имаш буквално само земјата.
Хад: ама чекај, не е фе...
Зевс: И сите мртви луѓе што се во земјата, можеш да имаш се што е мртво во земјата што ќе посакаш.
Зевс: Еј, сакаш да се муваме?
Европа: Што знам, некако не сум...
(Зевс ја претвора во крава)
Зевс: А сега?
Хера: Кој е ова?
Зевс: Кој е што?
Хера: Кој е овој голиов младич?
Зевс: Мора да бидеш поконкретна.
Хера: Овој што ти е во нозе.
Зевс: А, он. Што со него?
Хера: Па од каде дојде?
Зевс: Па од каде доаѓа кој било од нас? Може да е од морето, или од мојата глава, или да бил исплукан од лута змија... кој да знае бе.
Хера: Го киднапираше за секс?
Зевс: Што? Неее. Што?
Хера: Дали те киднапираше за секс?
Зевс: Не бе, не. Тој ми е држачот на пехари. Ова е Ганимед. Официјалниот држач на пехари. Тој ги држи пехарите.
Хера: Стварно?
Зевс: Па ти цело време збориш дека ни треба човек што ќе ги држи пехарите што ги користиме.
Хера: Никогаш не сум рекла такво нешто.
Зевс: Некој го збореше де... само помислив повеќе да не се малтретираме и затоа.
Хера: Тогаш зошто не држи пехар?
Зевс: Што?
Хера: Ако е држач на пехари, зошто тогаш нема пехар за да ме понуди бидејќи сум жедна.
Зевс: Душо
(ЗЕМЈОТРЕС)
(Зевс ги крева рацете и цел Олимп почнува да се тресе. Хера завршува под една карпа)
Зевс: Извини душо, не можам да те слушнам што кажа од земјотресов.