Англискиот шампион се посрамоти, елиминиран е од четвртолигаш

Флитвуд Таун, клуб кој се натпреварува во четвртиот ранг на англискиот фудбал и каде котира на 18. позиција, го шокираше Арсенал во Лига купот.

Речиси да нема сезона да не пукне сензација во Лига Купот на Англија. Овој пат тоа се случи во осминафиналната фаза каде Флитвуд го исфрли Арсенал на пенали.

Домаќините го отворија резултатот во 21. минута, преку Луопало-Би. Резултатот го израмни младиот Седах О’Нил, во деби настапит за сениорскиот тим на Арсенал.

Четвртолигашот се покажа како подобар изведувач на пенали. Клучниот момент се случи кога Линч го одбрани ударот на Гимараеш. Флитвуд доби меч топка и не ја пропушти шансата да го запечати историскиот успех.

Хаги го реализираше решавачкиот пенал за конечни 5-3 во серијата, по што следуваше огромно славје на стадионот, заедно со навивачите кои влетаа на терен.

Дуелот започна со необична ситуација, откако во 8 минута судијата ја прекина играта поради непознат дрон кој се појави над стадионот. Леталото не било идентификувано од домашниот клуб, ниту било познато кој го испратил над теренот.

Во 85. минута дојде до инцидент покрај аут линијата. 

28 октомври 2026 - 08:21