По колку бода освојуваат Арсенал и Манчестер Сити во последните 12 кола?
Велат потешко е да се освои првенство од Лига на шампиони, бидејќи за тоа се потребна конзистентност од август до мај следната година. Нешто што веројатно на Топџиите очигледно им недостасува. Разликата меѓу Арсенал и Манчестер Сити сега е само 5 бода, но составот на Пеп има меч помалку. Арсенал на последните 7 меча има само две победи, пораз од Јунајтед и четири нерешени меѓу кои со екипи како Нотингем Форест, Брентфорд и синоќа Вулверхемптон. Погледнете ја оваа занимлива статистика од изминативе четири сезони.