Емирати е во транс, Арсенал е финалист во ЛШ после 20 години

Арсенал дочека финале во Лига на шампиони после две децении откако го доби тешкиот мега дуел против Атлетико Мадрид. Човек на одлука Букајо Сака.

Битката на Емирати се преслика од првиот дуел кој заврши 1:1. Со многу борба, малку шанси на двете страни и овој пат само еден гол.

Херој на мечот беше Сака кој се најде на вистинско место во петерецот по еден удар на Тросар на една минута пред крајот на првото полувремето.

Топџиите беа за нијанса подобар противник со поголем посед на топка и повеќе шанси. Атлетико не се откажа до последниот судиски свиреж, но не успеа да се избори за продолженија.

Арсенал прави кам бек во финале на ЛШ по 2006 година кога загуби од Барселона со 2:1 и ова ќе им биде второ во историјата на најсилното клупско европско натпреварување. 

Противник на 30 мај во Будимпешта ќе им биде победникот од реваншот меѓу Баерн и ПСЖ кој заврши 5:4 во Париз.

5 мај 2026 - 22:56