Најважната ВАР драма на сезоната во Премиер лига

Финишот од сезоната во Премиер лигата влегува во кулминација. Арсенал го доби Вест Хем со 0:1 со голот на Леандро Тросар во 83-та, а судиското продолжение им ги стресе нозете на навивачите на Арсенал, откако Калум Вилсон го израмни резултатот и за момент му заврши голема работа на Сити.

Но главниот судија гледаше ВАР снимка од неверојатната мешаница и турканица во шеснаесетникот по што го поништи голот.

Причината е прекршок со рака врз голманот Давид Раја. ВАР одлуката може да биде клучна за титулата, бидејќи во случај на нерешен резултат, Топџиите повторно можеа да извисат.

Тимот на Артета на 18 мај игра против Барнли дома, a на 24 мај со Кристал Палас на гости. Со две победи е шампион после пауза од 22 години.

Манчестер Сити во среда го игра заостанатиот меч против Кристал Палас, а потоа гостува против Борнмут и ја пречекува Астон Вила. Само со 9 бода и кикс на ривалот може да се надеваат на славје.

11 мај 2026 - 09:02