Одеднаш, од нигде никаде, вашите сопатници вадат инструменти - флејти, виолини и oбои - и почнуваат да го свират Григ. Што, не ви се случило тоа до сега?
Филхармонискиот оркестар од Копехаген, по нивната изведба на „Болеро“ на железничка станица минатата година, сега ја свири „Пер Гинт“ на Едвард Григ во воз. Некои од патниците блажено се смешкаат, други ги вадат слушалките за да уживаат во моментот, а на една бабичка ѝ дојдоа солзи на очи. Исто и нам, затоа што некој се сетил да создаде убавина, онака, за ништо.