На неодамнешната изведба на „Фантастичната симфонија“ на Берлиоз со Македонската филхармонија, за неупатените во публиката се случи нешто необично. Еден од инструменталистите полека но решително си стана од столчето и се упати кон излезот на сцената. По некое време исто толку суптилно колку што излезе, се врати на местото. Како бе така?