Навивачите на Вест Хем се во транс. Не е тоа клуб кој ги има навикнато на трофеи. Нивната 127 годишна историја се сведува на вкупно шест, три во ФА Купот, потоа Куп на победници на Купови, Интертото Куп и овој во Конференциска лига. Се пентареа по бандери, семафори, споменици, а тимот ја направи препознатливата шампионска парада со отворен автобус.