Фудбалерите на Вест Хем во клинч со навивачите на Аз Алкмар во одбрана на семејствата

Нестварни сцени од полуфиналето во Конференциска лига меѓу Аз Алкмар и Вест Хем. Домашните навивачи ја срушија оградата и ги нападнаа семејствата на гостинските играчи. Ни полиција ни бутур. Самите играчи на Вест Хем тргнаа да се тепаат со хулиганите за да си ги одбранат своите семејства. Нереално.

Вест Хем ги доби и двете пресметки против Аз Алкмар, дома 2:1 и синоќа на гости 0:1 со гол во 94-та минута. Холандските навивачи очигледно не можеа да се помират што нивниот тим не оди во финале и направија хаос на крај.

Ја пробија оградата и влетаа на гостинската трибина каде имаше навивачи на Вест Хем, како и членови на семејствата на фудбалерите.

Сцените беа срамни и многу чудни бидејќи ниту имаше полиција, ниту па редарите си ја вршеа добро работата.

Кога играчите на Вест Хем го забележаа хаосот, без размислување влетаа во гужвата и се тепаа со хулиганите за да ги заштитат своите семејства.

На социјалните мрежи се истакнува храброста на легендарниот навивач на Вест Хем, Нолзи кој им се тепаше сам.

На потег е УЕФА која за овој аматерски пропуст на домаќинот треба да му изрече дебела казна.

Вест Хем во финалето на Конференциската лига се среќава против Фиорентина, а мечот се игра на 7 јуни во Прага.

19 мај 2023 - 09:28