Поранешна порно глумица во бордот на директори на Вест Хем

Додека во Премиер лига трае трансфер преодниот рок од 2 јануари до 1 февруари, најголемо внимание предизвика новиот член на советот на директори на Вест Хем.

Се вика Ема Џејн Евелин Бентон Хјуз и е партнерка на еден од двајцата сопственици на Вест Хем, Дејвид Саливен.

Ема Бентон во '90-те и на почетокот на 2000-те години била позната порно глумица. Дејли Мејл пишува дека нејзиниот псевдоним во индустријата бил Ив Ворли а најпознати филмови за возрасни и се „Медицински сестри - лезбејки“, „Голи соседи“, „Голи жени - приватни дела“ итн.

Ворли подоцна станала режисер и сама снимала неколку филма.

На врвот на нејзината популарност фан клубот и достигнал 19.000 членови. Тој фан клуб го основал брат и Џејн. Тој во интервју раскажал дека Ема Бентон во порно-индустријата отишла поради тешка финансиска состојба откако ја оставил мажот.

ГАЗДАТА НА ВЕСТ ХЕМ ПОЧНАЛ СО ПРОДАЖБА НА ЕРОТСКИ СПИСАНИЈА, ВО ВЕСТ ХЕМ Е ОД 2010-ТА И СЕ РАСПРАВА СО НАВИВАЧИТЕ

Токму на работното место Ема Бентон и се запознала со мултимилионерот Дејвид Саливен. Голем дел од своето богатство тој го заработил на недвижнини но почнал во порно-индустрија: на 21 година продавал фотографии, списанија, магазини на темата.

Кон средината од '70-те години веќе контролирал пола од пазарот на еротика во Британија.

Подоцна ги „обединил силите“ со Дејвид Голд кој во тоа време бил сопственик на секс шоповите Ann Summers. Заедно со Голд, Дејвид Саливен влегол и на пазарот со спортски весници. Го издавале весникот Sunday Sports.

Во 1993-та година Саливен и Голд го купиле фудбалскиот клуб Бирмингем, но во 2008-ма му го продале на Карсон Јонг, бизнисмен од Хонг-Конг.

Најголем проект им стана купувањето на Вест Хем за 105 милиони фунти. Тогаш изјавиле дека внимателно ќе работат и не ветувале никакви нереални цели.

После 10 години на чело на „чеканите“; навивачите бараат од двајцата да си одат и да го продадат клубот поради лоши резултати.

За време на Саливен и Голд, клубот потрошил повеќе од 500 милиони евра на трансфери а најдобри резултати му се 2 настапи во квалификациите за Лига Европа (два пати испаднале и тоа од ист противник - романска Астра Ѓурѓу).

Саливен во управата на клубот има најблиски роднини: во советот на директори е син му Дејв Саливен а женската екипа ја води помладиот син Џек. 

Саливен бил прв во англискиот фудбал кој на раководна функција поставил жена. По доаѓањето во Бирмингем, Дејвид за извршен директор ја поставил 23-годишната Карен Брејди која станала прва жена на оваа должност и најмлад раководител во англискиот фудбал.

Карен работела во маркетинг секторот на империјата на Саливен и Голд.

После продажбата на Бирмингем Карен Брејди заминала заедно со Саливен и Голд а сега е потпретседателка на Вест Хем.

Притоа, не треба да се заборави и дека една од најпопуларните порно актерки на денешницата, Миа Халифа го одбра Вест Хем за свој најомилен клуб во Премиер лига и неколку пати беше гостинка во Лондон.