Војната во својата татковина го бутна психолошки Јармоленко, кој и покрај накалеменото искуство на 32 години, периодов бил вознемирен и не бил способен да игра фудбал.
Тој заигра во Премиер лигата после пауза од четири меча, а враќањето го зачини со гол и многу емоции.
„Ова беше премногу емотивно, ќе го паметам цел живот. Да бидам искрен, не знаев што да направам и што да кажам сега. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, на сите оние кои ме поддржуваат, на навивачите на Вест Хем и на сите луѓе од Британија. Ја чувствувам вашата поддршка“, изјави Украинецот.
Инаку Јармоленко е четврта сезона во Вест Хем каде пристигна од Борусија Дортмунд, а 10 години беше член на Динамо Киев.
За украинската репрезентација има 109 настапи и 44 гола, како и три учества на Европските првенства. Токму тој го отвори резултатот на средбата против Македонија на ЕП 2020.
Yarmolenko collapsed to the ground on the final whistle before being hugged and applauded by the West Ham and Villa players and given a huge reception as he walked off #WHUFC pic.twitter.com/zVB5WMTkCZ
— Tom Clark (@_thomasjclark) March 13, 2022
The emotion from Ukraine's Andriy Yarmolenko after his goal 💙💛 pic.twitter.com/Y6KAC1pigd
— ESPN UK (@ESPNUK) March 13, 2022
Another special, emotional moments in sports written in the stars.
— Andrew Jones (@TWDTV1) March 13, 2022
Andriy Yarmolenko, Ukraine’s top star soccer player for the last decade and more, with his first goal in his first game back at home for West Ham.
SCENES at the London Stadium. He is in tears #WHUAVL pic.twitter.com/GKwpRHoyB1
We love you, Yarma! 😢🥰 pic.twitter.com/KsQ1PUhHRh
— West Ham United (@WestHam) March 13, 2022