Вест Хем понеделнички го растури Лестер со 4:1 со што го заокружи 2. Коло во Премиер лигата. Ефикасен натпревар зачинет со историски шмек и шоу на двојниот стрелец на мечот кој се истакна со нов изум за прославување гол.
Забавата се случуваше во 80-та и 84-та минута кога Михаил Антонио ги даде последните два гола на средбата и го изнасмеа цел стадион.
Знаете ли со кого го прослави Антонио голот? Со Антонио или поточно со самиот себе. Се пронајде во картонска верзија и се крена во вис. Циркузи.
Англичанецот со јамајканско потекло всушност има двојна причина за славење, а втората е тоа што стана клупски рекордер на Вест Хем со 49 голови. Пред него прв стрелец на клубот беше легендарниот Паоло Ди Канио кој го држеше приматот со 47 комада.
31 годишниот Антонио кој од 2015-та е член на Вест Хем привлече разни коментари за прославата. Некои велат дека е смешна, други симпатична, трети епска.
Како и да е ова е планирано сценарио за кое навивачите имаат право да се смеат, но пред сè да аплаудираат поради постигнатиот рекорд, срушен по две децении.
Michael Antonio with the celebration of the season already 😂
— ODDSbible (@ODDSbible) August 23, 2021
pic.twitter.com/R8ohLJn8yS
Score the goal, make history, nail the celebration, get the film name wrong in the interview 🤦🏾♂️ Baby forgive me! #DirtyDancing4Life 😂🙌🏾⚽️⚒ pic.twitter.com/W3f5xZlUMJ
— Michail Antonio (@Michailantonio) August 23, 2021
"I'm making history, I've got to do something special!" 😂
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 23, 2021
Michail Antonio explains his iconic celebration and explains the reference...🕺 pic.twitter.com/vAIjb9aLxL