Како реагираа фудбалерите на Арсенал на крајот на 22 годишното проклетство

Северен Лондон е во транс. Чекаше од 2004-та и го дочека безценетиот момент, а тоа е Арсенал да ја освои Премиер лигата.

По далечното славје пред 22 години со француската легенда Арсен Венгер, Арсенал стана првак на Англија со шпанскиот стратег, Микел Артета.

Коцките сакаше да се спојат во претпоследното коло на 19 мај 2026-та. Арсенал во понеделникот го совлада Барнли со 1:0, а Манчестер Сити киксна 1:1 со Борнмут на гости.

Халанд го израмни резултатот дури во 95-та минута, што не беше доволно да го остави својот клуб во игра за титулата во последно коло.

Арсенал има 82 бода, Сити 78. Играчите го гледаа мечот заедно и одлепија.

20 мај 2026 - 09:17