Џони Штулиќ:

Хајле Селасие и Реза Пахлави се Македонци, а јас ќе бидам Хомер

Одиме во Загреб, во праисториската 1990 година. Април е, Вјештице го најавуваат албумот „Тотално другчији од других“ а Хрватска се спрема за првите демократски парламентарни избори, на кои ќе победи ХДЗ и ќе станат повидливи контурите на Рубиковата коцка на југословенските војни и трагедии. Несвесни за големиот фајронт кој следи, двајца наши копиљаци, во барот на хотелот Еспланаде се среќаваат со Џони Штулиќ. 

Иако едниот има 18 а другиот 20 години, дечките се рачунаат себе за стари Азраши па муабетот со Џони трае повеќе од два саати, во кои Џони се расприкажува за сешто, сето тоа пратено со серија коњаци и виски и гребење Лаки Страјк од еден од нашиве. 

На крај на муабетот, на Џони му доаѓа и тој нешто да праша:

Морам нешто да ве прашам. Што е Самоил, Бугарин или Македонец?

А дали Томислав е...?

- Сега ќе дојдеме и до тоа кој е Македонец. Е, во тоа време со Балканот владее Василиј Втори. Неговото семејство во историјата е познато како семејство на Македонци, селани крадци. Неговиот прекар по победата на Самоил бил Бугароубиец. Кој е тука Македонец? Тој е Македонец, Василиј бил Македонец а Самоил Бугарин. Вие воопшто не знаете кои се Македонци. И уште полошо, да ви кажам, Реза Пахлави и Хајле Селасие, како најсјаен дијамант во својата царска лоза, имале македонска крв, а последна македонска крв била Клеопатра. Тоа се бре Македонци. Не го зборувам јас ова поради вас, инаку не знаат луѓето што зборуваат па го ебе лудиот збунетиот. Тоа е повеќе Индија отколку Македонија.

Тогаш јас сум Индиец, па тоа не е ни така лошо.

- Па не е лошо ни да се биде Македонец. Само, кој Македонец? Постојат бугарски Македонци, грчки Македонци, албански Македонци, Македонци- Македонци и Македонци кои тоа не се, а нив ги има најмногу.

На кои им припаѓаш ти? Роден си во Скопје.

- На вистинските. А тоа се гледа, не?

Копиљаците се Ацо и Дарко. Ацо Поповски и Дарко Митревски. Интервјуто го прават за Млад Борец.

Клик на скриншотовите за да го прочитате цело. Џони луд у сите правци, има тука сешто.

 

 

 

14 март 2021 - 12:57