Таг: брентфорд

Акробација со мераклиски финиш во мрежата на Челси

Брентфорд и Челси одиграа 2:2, а голот на мечот и колото во Премиер лига го има Јоан Виса кој ептен си го направи ќеифот во 69-та минута.

Најлошото тргнување од центар во Премиер лига после примен гол

Брентфорд беше декласиран дома од Вулверхемптон со 1:4 и веќе во 28 минута од мечот губеше 1:3. По првиот гол кој го примија во 13 минута имаат очаен старт од центар. Зошто? Затоа што примија уште еден.

Срамна глума во Премиер лига, навивачи бараат црвен картон

Брентфорд синоќа имаше водство од 2:0 против Тотенхем, но гостите за само 6 минути стигнаа до израмнување. Во обид да изнуди пенал за победа, Камерунецот Брајан Мбемо се фрли и се обиде да ги излаже сите судии. Навивачите парче го прават во коментари.

Брентфорд тера мајтап со Роналдо на ТикТок

Кај ги отцепија 4:0, па уште најголемата ѕвезда им ја закачаат, кој се заборави на јахта цело цело и сега не може да ги нанишани голот.

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Човекот кој пред 7 месеци ја имаше најголемата голгота во животот и кој рече дека 5 минути бил мртов, му се враќа на фудбалот. И тоа не било каде, туку во Премиер лигата, каде играше седум сезони.

Детето кое го направи најубавиот кадар на месецот во Премиер лига

Премиер лигата стартуваше, Брентфорд заигра во најдобро друштво после цели 74 години и го урна големиот Арсенал со 2:0. Мечот пред преполни трибини донесе многу емотивни кадри, а еден беше многу посебен.

Кадар на денот: 74 години генерации и генерации го чекаа моментот па се расплакаа

Сезоната 2021/2022 во англиската Премиер лига стартуваше во западен Лондон. Новиот премиерлигаш Брентфорд го пречека и совлада Арсенал.

Фудбалската месарница на Брентфорд - Сканторп

Видеово датира од меч одигран пред неколку години во англиската нисколигашка касапница. Можеби сте го виделе досега, ама не е на одмет да се потсетиме. 9 жестоки „колења“ за 17 секунди, само 1 досуден фаул и 1 жолт картон. Ова е фудбал.

Голманска лудост низ нозе

Брентфорд со високи 7-2 го попари Виком Вондерерс во Чемпионшип и со меч помалку е трет со 48 бода на патот кон Премиер лига. Голманот на домаќинот Давид Раја си поигруваше при резултат 4-2 во 75' минута.

Со два потези го обележа за цел живот

Алжирецот Саид Бенрахма игра десно крило во Брентфорд во Чемпионшип. Одвреме-навреме го имаме во рубриката затоа што важи за еден од најдобрите дриблери на Островот сезонава. Дечкото си поигра со Луис Винг од Мидлзброу како со статист а на крај Брентфорд славеше 3:2.

Едниот го прати по хамбургер, а другиот по крем банани

Фудбалерите на Брентфорд беа доста расположени за мајмунлаци, а тоа најдобро го осети на своја кожа КПР.

А ние мислевме дека вакво нешто има само на Сони Плејстејшн

Барнсли - Брентфорд во Чемпионшип. Гостите славеа 1-3, ама моментот кој им се случи во 38’ минута од мечот беше пресликан циркус од фудбалчето на Сони Плејстејшн после што најчесто страдаат џојстици.

Знаете ли за најгрубиот меч во англискиот фудбал?

Девет крволочни лизгачки стартови за само 17 секунди. 12 години од лудилото на мечот Брентфорд - Сканторп.

Слободен удар со три живи ѕида

Фудбалерите на Брентфорд на мечот против Бирмингем мислеа да ја сокријат траекторијата на топката со тоа што седум души ќе се наредат во два живи ѕида пред противничкиот гол.