Во преодниот рок за трансфери кој е некако тивок и кој традиционално завршува на 31 јануари, го имаме најголемото и најпријатно изненадување во фудбалот, официјализирано токму на денешен ден
Кристијан Ериксен е нов член на Брентфорд.
Данскиот репрезентативец кој колабираше во првото коло на ЕП против Финска на 12 јуни и официјално се враќа во игра. Каков јунак.
Ериксен кој во 2020-та направи трансфер од Тотенхем во Интер, беше принуден да ја напушти Серија А, каде според правилата не е дозволено да настапуваат играчи со срцеви проблеми и покрај тоа што му вградија дефибрилатор, уред кој овозможува нормална работа на срцето.
Во Брентфорд тренер ќе му биде Томас Френк со кој има работено како помлад.
„Едвај чекам да работам повторно со Кристијан. Помина време откако последен пат го тренирав, а од тогаш се случија многу работи.
Кристијан тогаш имаше 16 години и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред кои се појавија во Премиер лигата. Исто така освои трофеи низ цела Европа и стана ѕвезда на данската репрезентација.
Искористивме неверојатна можност да донесеме играч од светска класа во Брентфорд. Тој не тренирал со тим седум месеци, но има направено многу работа сам“, изјави стратегот на Брентфорд.
За Ериксен, Премиер лигата е многу добро позната средина. Има 305 настапи и 69 гола во дресот на Тотенхем.
✍ Welcome to Brentford, @ChrisEriksen8 👊#BrentfordFC 🐝 #EriksenJoins pic.twitter.com/O8h5WbdUZ2
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022
Things you absolutely love to see ❤#BrentfordFC #EriksenJoins pic.twitter.com/FhvDlMLAxL
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022
It's Official, @ChrisEriksen8 is a Bee
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022
🇩🇰 The Danish international will link up with Bees for rest of season
📄 https://t.co/6cDQ91l2dl#BrentfordFC #EriksenJoins pic.twitter.com/r57bj2FLJp
OFFICIAL: Christian Eriksen is back in the Premier League, joining Brentford on a short-term contract until the end of the season 🇩🇰❤️ pic.twitter.com/LkDfCbgJD3
— B/R Football (@brfootball) January 31, 2022
Убави глетки се ова, Ериксен почнал да тренира
Ериксен: Не очекував да ми праќаат цвеќиња бидејќи пет минути бев мртов