Таг: кристијан ериксен

Мајсторија на Ериксен на стадион каде се бореше за живот

ЕП 2020 поради пандемијата се одигра летото 2021-ва кое ќе го паметиме вечно поради деби настапот на Македонија. Се играше во периодот 11 јуни - 11 јули во 11 градови и 11 држави за да се одбележи 60 годишнината. На стадионот Паркен во Копенхаген имаше страшни сцени откако се онесвести капитенот на Данска, Кристијан Ериксен. Три години подоцна ја реши пријателската против Шведска со убав погодок на 4 минути до крајот од мечот.

Еврогол на Кристијан Ериксен на Максимир

Хрватска славеше 2:1 против Данска во 5. коло од Лига на нации, победа вредна прво место во група. Голот на мечот и вечерта го има ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен, човекот на кој минатото лето на ЕП му висеше животот на конец.

Јуначки кам бек на Ериксен за репрезентација со гол од прекрасна акција

287 дена по за малку кобниот ден на Европскио првенство, Кристијан Ериксен заигра за Данска и веднаш даде гол. 109 настапи, 37 погодоци за националниот тим. Поубаво враќање не можеше да посака.

1 минутна компилација со импресивниот Ериксен

Следете го добро како посматра и резонира, уште пред да прими топка. Нема тука игра на памет, туку со мозок. Снимката е од викендов против Барнли кој Брентфорд го доби со 2:0. На крајот ја направи и првата асистенција по кам бекот во Премиер лигата на 26 февруари. Херој е Кристијан. Втор живот живее.

Кам бек на Кристијан Ериксен по 8 месеци и тоа на својот роденден

Човекот на кој му висеше животот на конец и на кој многумина му прогнозираа крај на кариерата, повторно игра фудбал. Поубав ден не можеше да одбере. Точно на денот кога полни 30 години.

Како Премиер лигата му посака добредојде на Ериксен

И официјалниот Твитер профил на Премиер лигата со над 30 милиони следбеници, го најави кам бекот на данскиот репрезентативец. Остави голем белег во Тотенхем од 7 сезони, 305 натпевари, 69 голови. Има уште желба и мотиви за фудбал кај овој човек кој на 14 февруари полни 30 години.

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Човекот кој пред 7 месеци ја имаше најголемата голгота во животот и кој рече дека 5 минути бил мртов, му се враќа на фудбалот. И тоа не било каде, туку во Премиер лигата, каде играше седум сезони.

Ериксен: Не очекував да ми праќаат цвеќиња бидејќи пет минути бев мртов

Срцето на Данецот не му дозволува да се повлече од фудбал на 29 години. Вели дека не му е пречка да продолжи и сонува само за една работа. Настап на Мундијалот во Катар.

Убави глетки се ова, Ериксен почнал да тренира

Летоска на Европското им преседна фудбалот на Данците, па и пошироко, бидејќи животот му висеше на конец, шест месеци подоцна го гледаме на терен со топка. Браво јунак. Кариерата не е завршена.

Докторот кој со спаси Ериксен зборува за голготата и првите негови зборови

„Тоа беше многу потресен момент. Во вакви медицински итни случаи во секојдневниот живот, шансата за успех е многу помала“.

Порака од Пандев до Кристијан Ериксен

УЕФА состави видео од сите 24 земји учеснички на ЕП кои му дадоа поддршка и му посакаа што побрзо закрепнување на данскиот репрезентативец и член на Интер. Во име на македонската репрезентација зборуваше капитенот.

Кристијан Ериксен се обрати од болница

Откако целиот свет се обедини во желбите најдобриот фудбалер на Данска што поскоро да оздрави и да се опорави, Кристијан сега му одговори на светот со голема благодарност.

Капитенот на Данска Кјаер прв реагирал да го спаси Ериксен и да го сокрие од камери

Искусниот капитен на репрезентацијата на Данска Симон Кјер во драматичните моменти со Кристијан Ериксен испадна голем херој кој буквално беше насекаде.

Данска федерација потврди: Состојбата на Ериксен е стабилна

По драматичните сцени кои го потресоа секој што го следеше мечот Данска - Финска, стигнуваат позитивни вести од Копенхаген.

Ериксен се разбуди

Фотографијата за која се молеше Данска, противникот Финска, цел стадион, а и сите што беа сведоци на стресните сцени од крајот на првото полувреме на мечот. Кристијан Ериксен е пренесен во болница и е во стабилна состојба, потврди УЕФА.

Драма во Данска, Кристијан Ериксен колабираше на терен

Дуелот од 1. коло во групата Б меѓу Данска и дебитантот Финска се прекина во 43' минута од првиот дел откако Кристијан Ериксен колабираше на терен.

Интервју на Ериксен на италијански колку да се каже нешто

Кристијан Ериксен за една година престој во Серија А научил нешто италијански, ама само зборови. До склапање реченици не е стасан. Можеби новинарот требал да сврти да англиски, ама така па него ќе му се отвореше работа да преведува.

Спикерот на Интер одлепи по голот на Ериксен

Беше во таков делириум што не знаеше што да прави, па откако се пошутка во место го крена микрофонот и згрми до даска за стрелецот на голот. Кристијан Ериксен не можеше да го совлада градскиот ривал на посладок начин. Со слободен удар во 97-ма минута.

Магијата на Ериксен за голем триумф на Интер

Чекаше чекаше Данецот шанса и на крај конечно ја дочека. Конте го омаловажуваше со по 10 секунди од клупа за резерви, а вечерва во Купот на Италија само што влезе во игра и после неколку моменти од слободен удар во 90+7' минута му донесе победа на Интер против Милан. Интересно, ова беше прв гол од слободен удар за Интер после цели 135 натпревари!

Деби гол на Ериксен после убава акција на Интер

Големото и звучно засилување на Интер од редовите на Тотенхем, вечерва го постигна првиот гол. Падна на гости против Лудогорец каде тимот на Конте славеше 0:2, после една навистина убаво искомбинирана акција која почна од Алексис Санчез.

Никој не сака да игра за Данска, репрезентацијата собра играчи од мал фудбал

Меѓу фудбалскиот сојуз на Данска и репрезентативците има сериозен конфликт за кој не нашле решение и поради тоа скандинавската селекција синоќа против Словачка играше со фудбалери позајмени од футсал репрезентацијата.

На кој начин падна третиот најбрз гол во историјата на Премиер

Го даде Кристијан Ериксен синоќа на големото дерби Тотенхем - Манчестер Јунајтед за 1:0, уште во 11-та секунда. Тоа е трет најбрз гол на сите времиња во Премиер лигата, а најбрз гол сезонава.

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.

Главниот фудбалер на Тотенхем се вози со градски превоз

Од 15 години големите европски клубови како Милан, Барселона, Челси и Сити го викале на проба па го одбивале поради наводниот слаб физикус. На крајот татко му одбива да го шета по проби и бара кој е заинтересиран да дојде да го гледа во Данска.