Капитенот на Данска Кјаер прв реагирал да го спаси Ериксен и да го сокрие од камери

Искусниот капитен на репрезентацијата на Данска Симон Кјер во драматичните моменти со Кристијан Ериксен испадна голем херој кој буквално беше насекаде.

Стоперот на Милан Симон Кјер еден од првите истрча кон својот соиграч Ериксен и веднаш проверил дали Кристијан го голтнал јазикот што е многу опасен момент во таква ситуација и може да доведе до гушење.

Симон Кјер и Томас Дилејни веднаш го опкружија Ериксен грб со грб до докторите со цел камерите да не ги снимаат ужасните сцени со нивниот другар.

Томас Дилејни многу емотивно реагираше на целиот настан зошто сличен случај во живо на фудбалски терен виде во летото 2017-та кога на пријателска средба меѓу Ајакс и Вердер Бремен наеднаш се струполи младиот Абделхак Нури кој повеќе од две години подоцна помина во кома.

Дилејни тогаш играше за Вердер и бил многу близу до Нури кога паднал. А во тимот на Ајакс тогаш беше и Каспер Долберг кој сега ситуацијата ја виде од клупата за резерви на Данска.

Питер Шмајхел, Симон Кјер и стоперот од Аталанта Јоахим Меле за разлика од соиграчите не се свртеа со грб и набљудуваа како докторите го реанимираат Ериксен.

Тешки и жални беа и сцените кога сопругата на фудбалерот на Интер, Сабрина Квист Јенсен истрча од трибините на теренот да види што се случува, а голманот Каспер Шмајхел и Симон Кјер притрчаа да ја утешат.

Кога Ериксен се вратил во свесна состојба, репрезентативците на Данска организираа завеса околу носилките за никој да не може во крупен кадар да го гледа Ериксен во тие моменти. Држеа и финско знаме од страна кое им го додадоа гостинските навивачи. 

Ериксен брзо си дошол на себе во болница и подоцна разговарал со видео повик со соиграчите. Тој инсистирал да го доиграат мечот но за жал без него Данците не успеаа да освојат ниту бод.

Финска победи од еден шут на гол а Данска не реализираше ни пенал во вториот дел.

Поврзани содржини:

Драма во Данска, Ериксен колабираше на сред терен

Данската фудбалска федерација потврди: „Кристијан е во стабилна состојба“

Заедничко скандирање на Данците и Финците