Драма во Данска, Кристијан Ериксен колабираше на терен

Дуелот од 1. коло во групата Б меѓу Данска и дебитантот Финска се прекина во 43' минута од првиот дел откако Кристијан Ериксен колабираше на терен.

Најдобриот фудбалер на Данска падна а по реакција на фудбалерите кои беа во близина, веднаш втрча медицинска екипа која неколку минути се обидуваше да го реанимира со вештачко дишење и масажа на срцето.

Данските репрезентативци во еден момент го опкружија Ериксен со цел камерите да не ги снимаат непријатните сцени.

Двата тима го напуштија теренот а Ериксен беше префрлен во болница и за сега нема официјални информации за неговата состојба. 

Една фотографија на социјалните мрежи покажува дека Ериксен во еден момент покажал знаци на живот:

12 јуни 2021 - 19:05