Јуначки кам бек на Ериксен за репрезентација со гол од прекрасна акција

287 дена по за малку кобниот ден на Европскио првенство, Кристијан Ериксен заигра за Данска и веднаш даде гол. 109 настапи, 37 погодоци за националниот тим. Поубаво враќање не можеше да посака.

Кристијан Ериксен пред еден месец се врати на фудбалските терените и заигра за Брентфорд во Премиер лигата, а викендов повторно го почувствува дресот на својата татковина.

Репрезентативната пауза му траеше осум месеци откако на 13 јуни 2021 против Финска на ЕП, колабираше од срце удар.

Данците загубија 4:2 на пријателска против Холандија на гости, а Ериксен даде убав гол по само две минути на терен.

Холанѓаните го пречекаа со аплаузи

А се најде и глупак кој го гаѓаше со паричка

 

 

 

28 март 2022 - 08:18