Кам бек на Кристијан Ериксен по 8 месеци и тоа на својот роденден

Човекот на кој му висеше животот на конец и на кој многумина му прогнозираа крај на кариерата, повторно игра фудбал. Поубав ден не можеше да одбере. Точно на денот кога полни 30 години.

Ѕвездата на данската репрезентација ја почувствува фудбалската игра еден час на пријателски натпревар зад затворени врати меѓу Брентфорд и Саутенд.

Победи 3:2 и направи асистенција и покрај тоа што резултатот не е толку важен, колку неговото враќање таму каде што му е местото.

Ериксен потпиша за Брентфорд како слободен играч во јануарскиот преоден рок откако не можеше да остане во Интер.

Во Серија А им е забрането на фудбалерите да настапуваат со срцеви проблеми, а тој има дефибрилатор за да му работи срцето нормално.

За Ериксен Премиер лигата е многу добро позната, бидејќи има одиграно во Тотенхем 305 натпревари на кои постигна 69 гола.

Тој колабираше во првото коло на ЕП против Финска на 12 јуни, момент кој беше многу стресен за време на шампионатот.

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Како Премиер лигата му посака добредојде на Ериксен 

15 февруари 2022 - 08:06