Телекомуникациската и медиумска компанија Ziggo претходно најавила дека ќе се повлече од местото генерален спонзор во Ајакс по цели 12,5 години. Банката АБН АМРО беше главен спонзор на славниот Ајакс од 1991 до 2008-ма а од 2015-та го спонзорирала женскиот тим на „копјаниците“, младинците во академијата на клубот и клупските аматерски тимови кои настапуваат во аматерските лиги.
На овој или оној начин АБН Амро и Ајакс се поврзани веќе 35 години.
Ернст Бекхорст кој од 2023-та година ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор на Ајакс, клубот кој поседува удел од 73% од сопственоста бил задолжен за брендот, спонзорството и фондацијата на банката АБН Амро цели 16 години сè до крајот на 2022-ра година. Сега тој во вторник треба да потпише договор со Герт Пилаге и Кас Биеста кои ја водат таа функција во банката.
Со ова ќе заврши повеќемесечната потрага по генерален спонзор на Ајакс во текот накои се водени разговори со неколку големи компании.

АБН Амро (ABN Amro) беше еден од главните спонзори во богатата историја на Ајакс. Таа ја наследи на дресот на Ајакс компанијата TDK а подоцна на дресовите на клубот од Амстердам се појавија и компаниите Aegon и Ziggo.
АБН Амро беше главен спонзор и во историската 1995-та година кога Ајакс ја освои Лигата на шампионите и пехарот во Куп на УЕФА во 1992-ра година.
Според холандски de Telegraaf спонзорскиот договор ќе биде потпишан на период од пет години.