Кога потпиша договор со Тотенхем на крајот од летото 2013-та, Кристијан се вратил во Амстердам да се спакува и ја земал наградата „Сребрена копачка“ за втор најдобар стрелец во холандската лига. Две години претходно бил прв стрелец, а наградата ја доделил како подарок заедно со игралиште со вештачка трева во своето школо каде учел до осмо одделение.
Додека учествувал во шоуто од манифестацијата, неговиот нов клуб загуби од Арсенал. После репрезентативната пауза Кристијан се појавил во составот на Тотенхем на домашниот меч против Норвич.
На прес-конференцијата пред мечот, тренерот на Тотенхем Андре Виљаш-Боаш се жалел на околностите со составот, на повредите и казнетите.
На прашањето дали ќе заигра Ериксен кој го платиле 11,8 милиони фунти, Андре одговорил дека Ериксен се приклучил на екипата пред една недела и одма заминал со репрезентацијата, а потоа заборавил како се вика и го помешал со Влад (Романскиот стопер Влад Чиричес). Кога новинарите се насмеале, му шепнал на прес-аташето: „Чекај, како се вика? - Кристијан“.
Следниот ден Кристијан беше дел од нападот на Тотенхем, а после една недела навивачите на Спарс му посветија песна преработка од хитот на групата Black Lace, «Agadoo».
„Кога настапував за Ајакс се сметав себеси за Озил. На почеток го гледав и пробував да учам од неговиот прием на топка, но потоа смислив нешто свое“, рекол Кристијан во интервју за новинарот Метју Лоу откако во дебитантската сезона во Англија даде четири гола повеќе од Месут.
Тоа нешто свое е - шутот, на кој Данецот факултативно работел во Амстердам со Денис Бергкамп, тренерот на Ајакс.
Во својата втора англиска сезона, Кристијан беше најдобриот изведувач на слободни удари во цела Премиер лига, а бекот на Тотенхем Јан Вертонен го фалеше во интервју за Daily Express: „Јас учествував во неговиот трансфер во Тотенхем. Раководителите на клубот (Даниел Леви и Франко Балдини) ме прашаа што мислам за Кристијан како фудбалер а јас им одговорив: ’Го знам од 16 години, игра помудро од година во година, ќе стане еден од најдобрите плејмејкери во англиската Премиер лига“.
Минатата година Ериксен после двата гола против Сандерленд - се качил во лондонско метро со бекот Ерик Дајер.
„Обичните луѓе работат од 8 до 17, а ние од 10 до 14 а заработуваме страшно повеќе. Тоа е чудно. Уште ми е нејасно да сфатам дека заработувам милиони. Но имам семејство и девојка Сабрина, фризерка од Оденсе која што ми помага да бидам на земја“, вели најдобриот дански фудбалер во последните неколку години.
Во едно друго интервју за Euroman, Кристијан рекол: „Сумите со кои ги плаќаат играчите а посебно агентите се безумни. Ова е некој луд свет, но не се жалам, дел сум од тоа, живеам и дишам фудбал и никогаш себе не сум се сметал за ѕвезда. Можеби затоа што во секој тим сум бил најмладиот. Така беше и во мојот роден Миделфарт“.
На 20 минути возење од Оденсе и ќе ви се појави Миделфарт со црквата од XIII век, замок во рококо стил, фахверкови куќи и фудбалски клуб. Таму Кристијан се родил на 25 мај 1990 година.
Пола година после победата на Данска на Европското 1992, тренерот Томас Ериксен го донел својот 2-годишен син на теренот на клубот Миделфарт. Во 2005-та тој потег на клубот му донел околу половина милион крони (околу 700.000 евра) затоа што големиот Оденсе го купил син му.
И не така лошо за човекот кој по тренерската кариера работел во автосервис во Оденсе. Кога дознал дека син му го бара Дани Блинд, спортскиот директор на Ајакс, Томас дошол на преговори во мајсторски комбинезон.
До тој момент Кристијан Ериксен веќе бил на проба во Челси, Барселона и Милан а на мечот меѓу младите репрезентации на Данска и Хрватска дошле да го гледаат 30 скаути меѓу кои бил и Јон Стен Олсен, во ’70-те напаѓач на Феенорд а од 1995-та скаут на Ајакс кој на пример ги нашол Каспер Гронкер и Златан Ибрахимовиќ.
„Повеќето играчи мислат што да направат со топката, а кога ќе ја добиеше тој, секогаш однапред знаеше што да направи. Покрај тоа многу играчи брзо се ослободуваа од топката од страв да не ја изгубат, а Ериксен играше со мозок. Го викнавме Ериксен во Ајакс кога сфативме дека е психички спремен да игра за првиот тим. Топ клубовите денес се толку богати што на проба носат деца и ги охрабруваат, а потоа ги праќаат дома и ја рушат нивната доверба“, рекол скаутот Олсен во интервју за данскиот весник BT.
Во Челси Кристијан бил два пати а секој пат слушал: „Талентиран си, но за во Англија ти фалат килограми“ и трет пат го вратиле.
Во Барселона Кристијан изгубил од конкуренцијата, од браќата Алкантара, а во Милан не му помогнал муабетот кој „го пуштил“ Томас Хелвег за талентираното дете. Ериксен тренирал едно време со првиот тим на Милан, но тие го сакале брат му и на крајот не се договориле.
Околу младиот Ериксен имало неколку дански агенти коишто чекале да му истече договорот со Одензе и биле надежни на високи премии од негов трансфер. Како резултат на тоа, Ериксен го избрал Мартин Шхоц којшто му бил менаџер на Јон Дал Томасон. Набрзо Ајакс пратил понуда за проба, а татко му им одговорил:
„Ако ве интересира, дојдете сами. Уморни сме од возење. Син ми не е циркузант да оди на турнеја по цела Европа“.
Во 2008 година Ериксен беше избран за најдобар фудбалер на Данска на возраст до 17 години (во категорија до 21 победи Микаел Лумб), а во јануари 2009-та премина во Амстердам.
Првите два месеци во Холандија, талентираниот Кристијан живеел со мајка му Дорта, одел на интензивен 40-часовен курс по холандски јазик. Живеел со локално семејство и наскоро изнајмил стан на една година, но напредокот во првиот тим на Ајакс не одел така брзо.
„Додека играв за младинците на Ајакс, Франк Де Бур полудуваше. И тој и другите тренери урлаа по мене неколку пати на натпревар. Ми беше тешко да го разберам тоа, затоа што во детството немав таков однос со татко ми кога ме тренираше“, признал во едно интервју за холандскиот Tipsbladet.
Ериксен стигнал во првиот тим на Ајакс една година после преминот, во јануари 2010-та година но пак играл ретко. Тренерот на Ајакс, Мартин Јол не му верувал и му давал шанса на Сим де Јонг, но после заминувањето на Јол во Фулам и ремито со НЕЦ Најмеген, „Копјаниците“ биле четврто место поради што нов тренер станал Франк де Бур кој веднаш го вклучил малиот Ериксен во првиот тим.
„Откриј ја радоста да играш фудбал“, му рекол де Бур на Ериксен пред да излезат на теренот на „Сан Сиро“ каде Јакас требал да го победи Милан со Сидорф, Пирло, Роналдињо и Златан Ибрахимовиќ за да остане во европкуповите.
Ериксен во трио со Луис Суарез и Деми Де Зеув му помогна на Ајакс да слави 0:2. Од тој момент тој стана најважен играч во средината на екипата и заигра така што за пола година сериозно го барал Манчестер Сити но тој повторно ги одбил.
„Чувствував дека е рано за Англија, не е погодна лига за физички слаби млади играчи“, во 2010-та рекол татко му на Кристијан во интервју за Tipsbladet. На пример еден Мадс Тим стигна во Манчестер Јунајтед од Одензе со 16 години и пукна - не можеше да го издржи тешкиот физички фудбал и на 25 години го оставил професионалниот фудбал.
Во 2013-та Андре Виљаш-Боаш според Daily Mail, бил против купување на Ериксен, сакал како и потоа во Зенит да го донесе Жоао Мутињо, но на трансферот на Кристијан упорно инсистирал Франко Балдини. Тој знаел дека лично Јохан Кројф му се јавил на спортскиот директор на Барселона, Андони Зубизарета и го советувал да го купи Ериксен чијшто договор со Ајакс се ближел кон крајот а тој не сакал да го продолжи.
Како резултат на тоа, физички слабиот Ериксен минатата сезона и сезонава е најдобриот асистент во Премиер лигата. Тој е најзаслужен што Тотенхем се усидри во првата лидерска тројка.
„Се навикнав на животот како премиерлигашки играч, но не мислам дека богатиот договор ме измени како човек. Знам многу играчи кои кога ќе заработат многу пари, веднаш купуваа нови автомобили, куќи, вили, станови или 40 пара чевли. Добро, ајде можеби сакаат да изгледаат подобро од другите па купуваат чевли ама куќи и коли...“, му рекол најдобриот играч на Тотенхем на новинарот Мој Борсен од Данска.
Ериксен живее во Хемпстед, една од најелитните и најскапи населби во Лондон. Се буди во осум наутро, во 15 до 9 е во клубот, доручкува, оди во теретана или на масажа, а во 10:30 почнува со тренингот кој трае до 12.
После тренингот оди на вечера со екипата и на крајот се прибира дома каде гледа ТВ. Најчесто оди во кина или во маркет со девојка му Сабрина а во 11 вечер легнува.
За четири ипол години во Англија, таблоидите и жолтата штампа му ископала само една фотографија како ја бакнува Сабрина на прошетка во Сохоу. Го сликнаа и во метро со Дајер, како и торта со Хари Потер за роденден („Сабрина ми кажа дека личам на него. Не сум ја читал книгата, филмот го гледав. Повеќе сакам да читам книги за Михаел Лаудруп“).
Кристијан Ериксен во септември минатата година го продолжи договорот со Тотенхем до 2020-та година и ќе заработува 70.000 фунти неделно што е двојно подобро од претходниот договор.
И покрај тоа, Кристијан и натаму цврсто стои на земја и не лета во облаци.