Кристијан Ериксен направи кам бек на фудбалските терени. Во моментов нема клуб, ама има желба за играње, а тоа се гледа по првите видеа како тренира.
Данецот ги одржа првите индивидуални тренинзи во швајцарскиот третолигаш Киасо кој се наоѓа на 50 км од Милано, во близина на швајцарско италијанската граница.
Тој мораше да го раскине договорот со Интер, бидејќи според правилата, во Серија А не е дозволено да играат фудбалери со срцеви проблеми.
Иднината на 29 годишната ѕвезда за сега не е позната и се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во Холандија.
Кристијан Ериксен колабираше на Европското првенство на првиот меч на Данска против Финска, кој се одигра на 13 јуни.
Сцените беа потресни, но за среќа успеаа да го спасат на лице место, а потоа му вградија дефибрилатор, уред кој овозможува нормална работа на срцето.