Причина за конфликтот меѓу репрезентативците на Данска кои летово играа на Светското 2018 и Данскиот фудбалски сојуз (DBU) - е распределбата на правата за фудбалерите.
Прост пример: стоперот и капитен Симон Кјаер учествувал во рекламна кампања на букмејкерската куќа Nordicbet во дрес на репрезентацијата. DBU ова го сметал за нарушување на правата.
Од Асоцијацијата на професионални фудбалери во Данска одговориле дека сојузот има право на исползување на брендот на репрезентацијата, но нема врз имиџ правата на фудбалерите одделно.
Кулминација на конфликтот настанала кога Асоцијацијата на професионални играчи предложила да се продолжи стариот договор за имиџ правата (истекувал на 1 август) пред натпреварите од Лига на Нации со Словачка и Велс. Федерацијата одбила таков предлог.
„Тоа што тие нам ни го предлагаат не е предлог. Ги водиме преговорите од нова година. Сметаме дека ова е несакање на играчите да играат на двете претстојни средби“, изјавил директор во Данската фудбалска федерација Јакоб Хејер.
Фудбалерите размислуваат логично: вие не давате да се договориме за имиџ права, дајте да видиме кои се условите и интересите на репрезентацијата.
„Договорот траеше многу години, сега предложувам да се продолжи на еден месец. Потпишете го и ќе влеземе во авион без збор“, изјавил лидерот на репрезентацијата Кристијан Ериксен.
Конфликтот не се разрешил па така 23 фудбалери кои биле повикани за собирот на репрезентацијата, се собрале и ги почнале подготовките но решиле да не играат затоа што им требал било каков договор за правата, а преговорите со федерацијата биле неуспешни.
Словачката фудбалска федерација решила да им ги врати парите од карти на сите гледачи и решила остатокот влезници да ги продава по 1 евро.
За да собере каква-таква екипа која би ја одиграла пријателската со Словачка, Данската фудбалската федерација се обратила во клубовите од втора и трета лига.
Интересно дури и таму фудбалерите во знак на солидарност со репрезентативците одбиле да го облечат дресот на Данската репрезентација. Можно е дека се одлучиле на таков чекор под влијание на професионалниот сојуз на фудбалери. Откажување на мечот би значел драконски санкции од УЕФА и можно исфрлање на Данска од сите турнири.
Според данскиот Ekstra badet, DBU барал помош од футсал репрезентацијата на Данска. И на крајот се испоставило дека овие футсал репрезентативци прифатиле да одиграат против Словачка а федерацијата им ветила уште поголема финансиска поддршка во иднина.
Во вторникот новата верзија на репрезентацијата на Данска стигнала на аеродромот да фати лет, а вработените на аеродромот биле зачудени кога виделе дека меѓу играчите во опрема нема ниту еден познат репрезентативец. Така меѓу футсалерите се најде и Кристијан Офенберг чија првична професија е продавач, а десен бек им играше Симон Волесен кој настапува во четвртата данска лига.
Словачка синоќа лесно славеше со 3-0 против храбрата Данска.
Но тоа не е сè затоа што на 9 септември скандинавците стартуваат во сериозното натпреварување - Лига на Нации и ќе игра против Велс. Ова нема да биде пријателска средба и федерацијата нема да смее да ризикува со играчи од мал фудбал.