Вториот ден од Европското првенство помина многу стресно, а за малку можеше да заврши и трагично. Но за среќа Кристијан не се даде, а доби и брза лекарска помош која успеа да го врати во живот.
Данскиот репрезентативец го немаше долго време откако се онесвести на мечот против Финска, вели германскиот доктор Јенс Клајнфелд кој беше вклучен во неговото спасување.
„Ги отвори очите околу 30 секунди подоцна и тогаш можев директно да разговарам со него. Тоа беше многу потресен момент. Во вакви медицински итни случаи во секојдневниот живот, шансата за успех е многу помала, објаснува Клајнфелд на кој Ериксен му одговорил позитивно кога бил прашан дали е вратен.
„Проклетство, имам само 29 години“, рекол Ериксен.
„Тогаш знаев дека неговиот мозок не е оштетен и дека е целосно опоравен“.
Според германскиот доктор, тогаш бил целосно свесен и јасно одговарал на командите.
Ериксен сега е во стабилна состојба, но ќе остане во болница за да биде прегледан и да се утврди зошто имал срцев удар. Специјалистите проценуваат дека може целосно да се опорави.