Општата статистика на 25-годишниот Кристијан Ериксен во квалификациите е просто неверојатна - дал 11 гола колку што има шпицот Лукаку, а повеќе имаат само Левандовски (16) и Кристијано Роналдо (15).
Ниту еден друг играч од средината на теренот не дал повеќе од шест гола во квалификациите. Ериксен е човекот кој постигна 15 гола на последните 15 меча за Данска! Седум од последните осум гола му се за репрезентација. Дава и со двете нозе: 2 против Ирска синоќа беа со десна, а 1 со лева.
Неверојатниот Кристијан има 21 гол вкупно за репрезентацијата на Данска - повеќе од освојувачот на „Златна топка“ од оваа земја во 1977 година Алан Симонсен и исто колку познатиот Денис Ромедал. Ериксен има 25 години и своите 21 гол ги дал на 74 меча (Ромедал ги постигнал на 126 настапи).
Офанзивниот фудбалер е одличен и во Премиер лигата каде стигна во дресот на Тотенхем во 2013 година. Повеќе голови од него во моментов наместил/асистирал само Месут Озил. Помалку асистенции од Ериксен имаат едни Давид Силва и Еден Азар.
За своите играчки принципи Ериксен, воспитаник на Ајакс кај Денис Бергкамп раскажал: „Сакам да создавам моменти и да барам варијанти во тешки ситуации. Ми викаат дека сум способен за тоа. И соиграчите знаат дека ако ми ја дадат топката, ќе ја добијат назад на добро место, во право време и прецизно. Најважно е да чуствувате врска со играчите.“
За неговиот скромен начин на живот и занимлива приказна тука.
Прекрасните голови против Ирска во Даблин: