таг: денис беркгамп

Најубавиот гол на Мундијалите во 90-та минута

Ако треба да се направи компилација на легендарни голови во нокаут фаза на Светските првенства, тогаш таму сигурно влегува оваа мајсторија која се случи на денешен ден пред точно 20 години. Франк Де Бур од своја половина му дава топка со очи на Денис Бергкамп, овој ја прима најфраерски што може, го праќа Ајала по цигари и го матира Ван Дер Сар. Коментаторот полудува, а Холандија оди во полуфинале. Повеќе

Како почнала фобијата од летање со авион на Денис Бергкамп
Еднаш возел 2.000 км да игра ЛШ

Кога легендарниот играч на Арсенал конечно прифатил дека ја изгубил битката со големиот страв од летање, сфатил дека се ослободил и тогаш го играше најдобриот фудбал во кариерата. Никој не му замерувал зошто патувал и по 2.000 километри со кола за да игра на гостување. Повеќе

Најдобрите моменти на Венгер во Арсенал

Денес се случи нешто епохално: Арсен Венгер објави дека заминува од клубот по крајот на сезоната. Кои беа неговите најзначајни моменти со „Топџиите“? Повеќе

Најубавите моменти на Бергкамп во една минута

За холандската фудбалска легенда е познато дека не одеше на гостување кога требаше да се патува со авион, бидејќи имаше фобија од летање. Тие екипи кои беа далеку од Лондон, можеа само да бидат среќни што не мораа да бараат чаре како да го сопрат. За Арсенал: 315 настапи, 87 гола, 94 асистенции, 3 титули Премиер лига, 4 трофеи ФА Куп. Доживотно ќе му поклонуваат во Лондон. Повеќе

Денис Бергкамп - човекот со лепак на копачките

Пред 16 години Холанѓанецот го постигна фамозниот гол против Њукасл со кој влезе во легендите. Настрана од тоа голчиште, важеше за фудбалер кој ја лепи топката. Повеќе

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик. Повеќе

Не се роди повеќе ваков играч во Холандија

Не се обидуваме да ги спориме Клајверт, Ван Нистелрој, Снајдер, Робен, Ван Перси и да не ја рeдиме сега цела плејада на славни Холанѓани во изминативе 20 и кусур години, ама еден е Денис Беркгамп и неговите потези, голови и стил на игра кој има малку примеси на Зидан. Корејанциве уште ја бараат топката. Повеќе

Навивачите го избраа најубавиот гол во историјата на Премиер лига

По повод јубилејните 25 години од формирањето на Премиер лигата, БиБиСи направи анкета меѓу фановите и за гол број 1 е изгласано ремек делото на холандската легенда Денис Бергкамп против Њукасл кое никој не успеа да го повтори. Повеќе

Колку само малку му требаше на Денис Беркгамп

Јуни е месец на голем број убави и незаборавни спомени од Светските и Европски првенства. Еден од нив e начинот на кој легендарниот холандски напаѓач ја реши Аргентина во четвртфиналето од СП 1998. Беше 1:1 со головите на Клајверт и Лопез, но во последните мигови од мечот Франк Де Бур и Беркгамп одиграа шах - мат. Повеќе