Галатасарај го предводеа Георге Хаџи, Хакан Шуќур, Умит Давала и голманот Тафарел а од другата страна Арсенал го имаше страшниот состав со Анри, Виера, Бергкамп, Пети, Тони Адамс. Неколку часа пред мечот имаше големи нереди меѓу англиските и турските навивачи, а на стадионот беше мирно.
По 90 минути и продолженија без голови се прејде на пенали, а таму Тафарел се прослави и на Галатасарај му го донесе највредниот трофеј во клупската историја: