Кoга се разбудил, ја знаел песната наизуст иако не бил сигурен што точно значи во што му помогнала пријателка која го знае македонскиот (Радмила Трифуновска) и му ја препеала.
Кога ја читате, морници лазат колку има зошто ја сонувал на македонски.
Кошмар
Што тоа правиш, сине?
Сонувам, мајко, како пеам, а ти во мојот сон ме прашуваш: Што тоа правиш, синко, за што во сонот пееш, сине?
Пеам, мајко, како сум имал куќа, а сега немам куќа. За тоа пеам, мајко. Како, мајко, сум имал глас, и јазик свој сум имал. А сега ни глас, ни јазик имам.
Со глас кој го немам, во јазикот кој го немам, за куќата која ја немам, јас ја пеам мојата песна, мајко.
Абдулах Сидран
* Cведочењето на Сидран за тоа како настанала песната, во „Во недела во два“ кај Станковиќ - овде