Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Кили

12 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили.  
  • Заминал мирно, во сон, од инфаркт, обелодени неговата сопруга, кореографката и професорка по современ танц, жената која го формираше култното балетско студио Ребис, Гордана Деан Поп Христова.
  • Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот, пренесе Викимедиа.
  • Последните 12 години бeше преселен во Еквадор но често се враќаше во Скопје. 
  • Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломира глума на ФДУ во класата на Љубиша Георгиевски. Од 1993 до 2014 година бил член на ансамблот на Македонски народен театар.

  • Глумеше и во Тетовирање, Бал-кан-кан и Панкот не е мртов.

  • Беше свој човек. 

 

 

извор

Иран ќе наплаќа „осигурување“ за премин на Ормускиот проток

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Иран формира нова дигитална платформа за осигурување „Ормуз сејф“, како ново владино тело за управување со бродскиот сообраќај низ Ормускиот проток. Платформата ќе се потпира на плаќања со криптовалути.
  • Според планот на Министерството за економија, управувањето со теснецот преку рамка за осигурување би овозможило издавање на разни полиси за поморско осигурување, како и сертификати за финансиска одговорност, наместо да се наплаќа „патарина“. При идеални околности, ова би можело да генерира до 10 милијарди долари приходи за Техеран.
  • Планот ќе почне со осигурување кое покрива инспекција, задржување и конфискација на бродови. Штетата од воени напади нема да биде покриена.
  • „Овој модел би бил прифатлив за другите земји во мирно време, а сепак би му дозволил на Иран да врши контрола врз теснецот“, објави државната новинска агенција Фарс.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Три минути

Мешано
2

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
3

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
4

Македонија до Колумбија

Разно
5

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

6

Од втора лига, скопскиот гигант се издигна и стана шампион на Македонија

Фудбал
7

Челси има нов тренер, врвниот стручњак кој правеше чуда со Леверкузен

8

Почина легендарниот карикатурист Коракс

1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

3

Почина легендарниот карикатурист Коракс

4

Тендери: Кога ќе се навежбаш со едните, ќе бидеш навежбан и за другите

5

Трамп сака империја од 55 држави на три континенти

Свет
6

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

7

Што се случи со сериските убијци?

Занимливости
8

Јагленот ја смирува енергетската криза

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Долга е раката на Русинот

Заев се поклонува во Благоевград, Гоце се превртува во Скопје

А ко сам онда ја?

Верно на оригиналот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy