Нема посекси од жена што едноставно си брка работа

По дома, со книга, со телефон, на тераса... Или по гаќи, на билијард маса, како Дакота Џонсон во новата реклама на Келвин Клајн. Супер е.

Во рекламата, Дакота Џонсон се шета низ нејзиниот дом во Топанга Кањон, главно по Келвин Клајн-гаќи (би рекле долна облека, ама само гаќи се, повремено и фармерки, некогаш и прслук, ама никогаш сè заедно). Ја режира Гордон Стајнер само со природно светло и минимално монтирање, за да изгледа како да си ѝ влегол дома во обичен вторник.

Во февруари, Дакота седеше до Брук Шилдс на шоуто за есенската колекција на Келвин Клајн за 2026, што беше предавање на штафета, со оглед на тоа што пред 46 години, Шилдс беше еднакво полна себе (во најдобра можна смисла на изразот) во реклама за брендот.

Пребарувањата на Гугл за Calvin Klein 90s се зголемени за 850%, кампањата е веќе вирална од 9-ти март наваму, а калинката и пијаното се веќе мемиња.

Рекламата е тука.

12 март 2026 - 09:50