Феудализам на дигитален начин

Се тешевме дека можеби сме параноични што нè фаќа уплав од дигиталната централизација на глобално ниво која во пандемијата почна навидум невино, со дигитални вакцинални пасоши. Следуваше идејата за дигитални валути издавани од централни банки, па идејата дигиталната лична карта да се поврзе со индивидуалниот „јаглероден отпечаток.“ И тоа не е сè...

Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово

Се најавуваат дигитални валути издавани од централните банки. Звучи супер модерно додека не влезете во деталите: тие дигитални пари ќе можат да се програмираат, односно да се одредува на што ќе можете да ги трошите а на што не. Во суштина, тоа веќе не се пари кои ги имате бидејќи сте ги заработиле, тоа се купони /ваучери со кои државата ќе ве тренира да бидете граѓани по нејзина мерка.

Краток излет во „зајачката дупка“

Колку далеку сме од свет во кој се прогласува некоја пандемија и за само неколку месеци секој е обврзан да ги прифати и следи медицинските протоколи или во спротивно, е принуден да изгуби пристап до своите пари, па дури и да купи храна додека не послуша?

Холандската политичка коментаторка, Ева Влардингербрук, за планот на Светскиот економски форум да наметне дозволен „џепарлак“за јаглерод, поврзан со дигиталната лична карта, под превезот на справување со фамозната „климатска криза“:

„Извршен директор на една од најголемите холандски банки рече (овде, на холандски), ако секој добива индивидуални карбон-кредити, зошто тоа да не го направиме тоа така што богатите луѓе, кои на пример сакаат да одат на одмор малку почесто од другите, да можат да купат лични карбон кредити од луѓе кои не можат да си дозволат да купуваат авионски билети или да јадат месо премногу често?“

„Значи, она што ќе се случи е дека богатите ќе станат побогати, сиромашните ќе осиромашат, и тоа отворено го кажуваат како да не е воопшто контроверзна работа. Тоа е неофеудализам. Ништо друго“.

Инаку, јаглеродните кредити веќе постојат во областа на инвестициите. Им удриле ревизија на таквите проекти. Оценката е:

Јаглеродните кредити се обично ѓубре

************

Чујте и ова. Модератор на панел на Светскиот економски форум, насловен како „Обликување на заедничката (?) иднина“ опишува како тоа може да испадне: дека богатите ќе можат да патуваат каде сакаат а сиромашните ќе користат апаратчиња за вирутелна реалност со кои ќе можат да одат на истите места на кои одат и богатите, од својот тросед во дневна:

 

 

23 октомври 2023 - 08:59