Огромното мнозинство од еколошките проекти кои најчесто се користат за да се компемзираат емисиите на стакленички гасови имаат фундаментални пропусти што сугерира дека на нив не може да се потпре за намалување на емисиите кои ја загревање на планетите, покажува анализата на „Корпорaтивна одговорност“ и Гардијан.
Станува збор за глобална индустрија за доброволно тргување со тн. јаглеродни кредити која е вредна повеќе милијарди долари, а беше прифатена од влади, организации и корпорации, вклучително нафтени и гасни компании, авиокомпании, брендови за брза храна, модни куќи, технолошки фирми, уметнички галерии и универзитети како начин да се покаже дека нешто прават за намалување на нивниот јаглероден отпечаток.
Функционира така што еден тон испуштен јаглерод диоксид, со кредитите може да се компензира во еколошки проекти за кои се тврди дека ги намалуваат емисиите на јаглерод.
Сè повеќе докази има дека многу од овие офсет шеми ги преувеличуваат климатските придобивки а ги потценуваат потенцијалните штети.
Биле анализирани Топ- 50-те проекти од овој жанр, оние кои продале најмногу јаглеродни кредити на глобалниот пазар.
- 39 (78%) биле оценети како безвредни или „џанк проекти“
- Осум (16%) изгледале проблематично, со докази дека имаат барем еден суштински дефект
- Ефикасноста на преостанатите три проекти (6%) не можела дефинитивно да се утврди бидејќи немало доволно јавни и независни информации за проценка на квалитетот на кредитите.
Преку проектите оцените како ѓубре, досега се тргувани 1,16 милијарди долари јаглеродни кредити.