За 13 милиони евра минатата сезона, Кристијан Ериксен премина од Ајакс во Тотенхем. Данецот е најдобриот стрелец меѓу везните играчи во Премиер лигата сезонава со девет голови.
Во јуни 2008. година, Кристијан Ериксен требаше да одлучува за својата година на само 16 години. Го бараа сите, пред сè Челси, Милан и Барселона, но на крајот тој го одбра Ајакс. Тој потег се испостави како исправен, затоа што заигра за најдобрата фудбалска школа на светот.
Во системот 4-3-3 во Ајакс, Ериксен заигра како полушпиц, позиција која го прослави. Данецот одлично изведува слободни удари, дава голови со шут надвор од шеснаесетникот и асистира.
Ериксен почна да пишува нова страница во кариерата во Тотенхем. Стана стандарден и по седум голови минатата сезона, сезонава даде девет, од кои четири паднаа по 88. минута. Ериксен е најзаслужен за 15 од 40 бодови на Тотенхем сезонава, а стана воедно и најдобриот стрелец меѓу играчите од средината на теренот во Премиер лигата.
По негово лично признание, најголем удел во развојот на неговиот талент имал Денис Беркгамп, со кој индивидуално тренирал по три пати неделно, додека играше за Ајакс Амстердам. Поранешниот топчија уште на времето му советуваше на Арсенал да го купи, но судбината го однесе во ривалскиот дел од северен Лондон, во дресот на Тотенхем.