1990 – Алдеир (Од Бенфика во Рома за 3 милиони евра)
По финалето од ЛШ против Милан во Виена, Алдеир од Бенфика направи трансфер во Рома и таму остана до 2003 година. Во првата година го освои Купот на Италија, во 2001-ва Скудетото и италијанскиот Супер Куп, а во 2012-та влезе во Куќата на славните на Рома.
1991 - Дејвид Плат (Од Астон Вила во Бари за 6 милиони евра)
Добрата економска ситуација во Италија ја искористи и Бари кој го ангажираше англискиот репрезентативец и член на Астон Вила. Постигна 11 гола на 29 меча и следното лето заработи трансфер во Јувентус каде освои Куп на УЕФА.
1992 – Џанлука Виали (Од Сампдорија во Јувентус за 15 милиони евра)
По Скудетото со Сампдорија славниот италијански напаѓач премина во Јуве и освои Скудето, Куп на Италија, Супер Куп на Италија, Куп на УЕФА и Лига на шампиони.
1993 – Денис Беркгамп (Од Ајакс во Интер за 9 милиони евра)
Беркгамп имаше лош старт во Серија А, каде апстинираше 6 месеци без постигнал гол, но со 8 гола беше најзаслужеш што Интер во 94-та го освои Купот на УЕФА.
1994 - Енди Кол (Од Њукасл во Манчестер Јунајтед за 9,2 милиони евра
Најскапиот трансфер во сезоната 94/95 се случи во зимскиот преоден рок кога на 10 јануари Манчестер го купи од Њукасл Енди Кол. Во тандем со Јорк постигнуваат 121 гол и освојуваат 5 титули во Премиер лига, 2 во ФА Куп и ЛШ.
1995 – Стен Колимор (Од Нотингем Форест во Ливерпул за 10,8 милиони евра)
Шест месеци подоцна Ливерпул го сруши рекордот на Манчестер со купувањето на Колимор кој за две години постигна 28 гола на 64 средби.
1996 - Алан Ширер (Од Бкелбурн во Њукасл за 19,7 милиони евра)
Како најзаслужеш за историската титула на Блекбурн и освојувањето на ЕП со Англија за која постигна 5 гола, 96-та е годината на Ширер. Без разлика на повиците од Манчестер, тој заминува во Њукасл и станува легенда. Играше 10 години и со 206 гола стана најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата.
1997 – Роналдо (Од Барселона во Интер за 25,5 милиони евра)
Следната година мина во знакот на „Феноменот“ кој Морати од Камп Ноу го донесе на Џузепе Меаца. Мина со голови, повреди и солзи на 5 мај, но навивачите на Интер го гледаа во живо еден од најдобрите играчи во светот.
1998 – Денилсон (Од Сао Паоло во Бетис за 30 милиони евра)
По Роналдо, во 1998-ма уште еден Бразилец го одбележа трансфер пазарот откако Бетис го победи Лацио во битката за Денилсон. Таа година беше во стартниот состав на Бразил кој го загуби финале од Франција кои беа домаќини на Мундијалот, а во Бетис помина неславно со само 13 гола на 185 средби.
1999 – Кристијан Виери (Од Лацио во Интер за 45 милиони евра)
Господинот 90 милијарди лири се вика Бобо Виери кој играше во тандем со Роналдо. За разлика од Роналдо кого го мачеа повреди, тој постигна 103 гола во Серија А, но на негодување на навивачите се пресели во Милан.