Фудбалскиот Викиликс открива необични договори

„Ќе јадеш порција јајца од овен за да докажеш дека си карактер“

Белгискиот весник Le Soir на почетокот на неделава објави неколку необични ставки од договорите меѓу познати фудбалери и клубовите. Сите податоци на новинарот му ги дале хакери од групата Football Leaks коишто ги плашат фудбалските работници ширум светот веќе една година.

Пред неколку дена стана јасно дека Роберто Фирмино никогаш нема да премине од Ливерпул во Арсенал, затоа што во договорот има откупна клаузула од 98 милиони евра и плус Арсенал никогаш да не може да го откупи. „Црвените“ имаа сериозни проблеми да го сочуваат Луис Суарез на времето од понудите на „Топџиите“, па сега решиле ништо да не препуштат на случајот. Фирмино може да го купи било кој освен Арсенал.

Марио Балотели во Ливерпул можел да заработи бонус од 1 милион фунти повеќе поради добро поведение, но не заработил затоа што стоело дека не смее да добие црвен картон, ниту да плука противнички играч, да нема навредливи гестови или пак да пцуе. Платата на Марио во Ливерпул била 85.000 фунти неделно, а тој не земал 1 милион фунти бонус затоа што не издржал да не пцуе.

Езекиел Лавеци живее во Кина како крал. Според договорот тој добил: опремен стан, голема куќа, два автомобили, возач, готвач и личен преведувач од аргентински на кинески. Според најновите информации кои истекоа од хакерите, Лавеци заработувал 2,5 милиони долари месечно со што е поплатен и од Роналдо и од Меси.

Тотенхем му плаќа на Уго Лорис за секое појавување на теренот, а се претпоставува дека и во случај на пораз добивал 3.500 фунти а за победа двојно повеќе, пишува белгискиот весник кој ги открива необичните договори.

Џузепе Рејна

САКАШ КУЌА? ЕВЕ ТИ, АМА ОД ЛЕГО КОЦКИ

Серхио Агуеро го напушти Атлерико пред пет години, во 2011-та, но во Мадрид и натаму уживаат во неговите голови. Во договорот меѓу двата клуба за трансферот, стои ставка дека Сити е должен да му плаќа на Атлетико 250.000 евра на секои 15 гола на Кун.

Германскиот напаѓач Џузепе Рејна во 1996. година преминал во Арминија Билефелд со мошне чудни услови: Рејна барал на почетокот од секоја сезона клубот да му изгради нова куќа. Договорот му важел три години, а Рејна на крајот требал да добие 3 различни куќи. Планот пропаднал. Рејна не потпишал никакви детали во договорот (вклучувајќи ја локацијата и големината на куќата), така што управата на Арминија смислила паметен начин да заштеди пари. На почетокот на секоја сезона, Рејна добивал куќичка но од Lego коцки.

СТЕФАН ШВАРЦ И БАРАЊЕТО ЗА ЛЕТ ВО ВСЕЛЕНАТА

Стефан Шварц

Полушпицот од Конго, Ролф-Кристел Гај Миен исто имал нестандардни барања во Германија. Кога преминал во Ајнтрахт Франкфурт во 1999. година, барал од клубот на жена му да и најде и да и плати кулинарски курс. Овој пар и денес живее во Германија и има три деца.

Во 1999 година, везниот играч Стефан Шварц којшто освои бронзен медал со Шведска на Светското првенство ’94-та во Америка дошол во Сандерленд. Кога странките седнале да преговараат, советникот на Шварц барал клбуот да му овозможи него и на неговиот клиент комерцијален вселенски лет во иднина (тогаш уште немаше комерцијални летови).

Во тоа време на големо се зборувало за ваквиот вселенски туризам и на клубот не му било баш сеедно. Еден од раководителите на Сандерленд, Џон Фиклинг тогаш кажал: „Советникот на Шварц резервирал место на еден од тие летови, а ние не бевме сигурни дека ќе го викне и Стефан со себе. Го искористивме правото на ограничување на активности на фудбалерот кои што можат да му нанесат штета. Никакво нарушување на тие правила“.

СТРАВОТ НА БЕРГКАМП ОД ЛЕТАЊЕ

Арсенал му овозможи на големиот Денис Бергкамп да не лета со авион на далечните гостувања каде не може да се стигне на време и далеку е за превоз со автобус или воз. Сето тоа беше поради страшната аерофобија на Холанѓанецот којшто не поднесувал лет со авион.

„Летав на почетокот, но не можев да се концентрирам на мечот ако знаев дека ме чека лет за назад“, изјавил Бергкамп по завршување на кариерата.

ЈАЈЦА ОД ОВЕН ЗА ПОЈАДОК

Еден од главните експерименти во британскиот фудбал ги правел либанскиот бизнисмен Самир Хамам кој управуваше со Вимблдон и Кардиф. Во првиот клуб тој официјално имал право да го смени составот на 45 минути пред мечот, а во вториот им налагал на играчите да прават обредни инцијации.

Пред дебито Хамам ги тестирал храброста и пожртвуваноста на играчите. Најбизарен бил случајот со Спенсер Прајер кој морал да јаде пржени јајца од овен.

„Тоа е најчудната работа на планетата земја“, рекол Прајер кој одбил да ги јаде јајцата сирови и барал кога веќе мора да ги јаде, да му ги спремат со сок од лимон, сол и магоднос. Кога ја изел цела порција, се слушнала гласна смеа од тренерите. Проверката била лажна: Наместо јајца од овен, му ставиле нормални јајца од кокошка, но Хамам од тогаш веќе не сомневал во карактерот на новодојдениот фудбалер.