Баварците го посипаа Вердер со 6 комада и само во првите 28 минути имаа постигнато 4 и плус Чупо Мотинг утна пенал. Она што може да го издвоиме од гостите е нивниот гол, единствен на средбата кој падна после акција ипол.
Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.
По ремито 0-0 на првиот меч од баражот, Хајденхајм и Вердер одиграа 2-2 и бундеслигашот успеа да се спаси од испаѓање и да го сочува прволигашкиот статус. Ама во тоа им помогна противничкиот играч Норман Тојеркаф со ефектен автогол.
Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.
Фудбалерите на Вердер Бремен во улога на аутсајдер го совладаа Дортмунд со 3:2 во спектакуларен натпревар на кој имаше најмлад стрелец во историјата и најубав гол сезонава во Германија. Халанд пак даде гол, не знае за доста.
Иако фудбалерите на Вердер беа во добра серија на резултати, а Леверкузен гостуваше во Бремен по тешкиот пораз од Цирих во Лига Европа, „аспиринџиите“ им одржаа час по фудбал на домаќините и ги прегазија со 2:6. Два гола во сопствена мрежа си даде бекот Себастијан Лангкамп.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Родена е во 1916-та и е само 17 години помлада од клубот кој и е на прво место во животот. Баба Марта е закон, таа не зборува за пензија или плетење, туку вели: Треба да се вратиме во Европа.
Белгискиот весник Le Soir на почетокот на неделава објави неколку необични ставки од договорите меѓу познати фудбалери и клубовите. Сите податоци на новинарот му ги дале хакери од групата Football Leaks коишто ги плашат фудбалските работници ширум светот веќе една година.
За младиот Осман Мане, дете на бегалци од Гамбија кое одлично игра фудбал пишувавме лани. Викендов Осман (19) го постигна победничкиот гол за Бремен против Баер Леверкузен. „Дали е ова реално. Мислам дека сонувам. Не можам да ја опишам радоста“, изјави Мане веднаш по мечот со Баер.
Серж Гнабри е роден во Штутгарт и настапува за Германија У21. Долго време беше во Арсенал, а минатово лето го купи Вердер Бремен. За него соиграчите тврдат дека е побрз од Усеин Болт.
Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.
Клаудио Пизаро, легендарниот перуански фудбалер на Вердер Бремен сезонава го постигна 100-от гол во зелениот дрес. Еден од погодоците сезонава беше прогласен за најубав во Бундеслигата.
Прво прашавме Камени како е можно? Сега прашуваме Папи како е можно? Втор чуден автогол за два дена, овој пат на Сенегалецот Папи Џилобоџи од Вердер на средбата со Баер Л. кој на нафрлената топка го избра најлошото решение.
На 16 години Осман избегал од својата земја и до 18 живеел во прифатилиште за малолетници. На првиот настап за Вердер Бремен, на пријателска даде 4 гола за 15 минути и веќе го меркаат за прв шпиц во екипата.
Фудбалерите на Вердер дадоа 24 голови на последните 6 пријателски средби. Голеадата не ја избегна ниту Севиља која загуби 3:1. На тој натпревар падна можеби и голот на предсезоната.
Украинецот долги години ги водеше младинските категории на Вердер, но во октомври минатата година прифати да го превземе првиот тим и направи право чудо. Скрипник учеше од менторот Томас Шаф, кој му беше тренер во најславната година во клупската историја.