Кариерата на Марко Арнаутовиќ

Австрискиот Златан кој со покајание оди на Европско

Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.

Кога го донеле 17-годишниот Марко Арнаутовиќ од Виена, во Твенте знаеле дека ќе имаат работа со тежок карактер: во родниот град сменил неколку клубови поради проблем со дисциплината. Холанѓаните сепак лесно поминале. Ако лесно може да се дефинира едниот скандал кој го направил таму, кога стоперот на Вилјем Втори, Ибрахим Каргбо изјавил дека Арнаутовиќ го нарекол „црнчуга“.
 
Новинарите веднаш дотрчале до тогашниот тренер Стив Мекларен кој кажал дека не разговарал со Марко, но апсолутно не поддржува расизам. Холандската лига не нашла никакви докази дека фудбалерот е виновен, но Мекларен подоцна изјавил: „Просто неверојатно колку е талентиран, но и апсолутно ненормален“.
 
Кога високиот напаѓач премина од Твенте во Интер благодарение на одличните настапи во Холандија, си приуштил за себе Bentley GT63 во вредност од 150.000 евра. Колата му ја продал Самуел Ето, кој дознал дека Арнаутовиќ скоро добил дозвола и му предложил да не оди во автосалон, туку во неговата гаража.

За малер, Арнаутовиќ ниту две недели не му се израдувал на Бентлито, а колата му ја украле додека седел во ресторан на вечера со друштво.
„Цело време ја миев и се грижев за неа. Бев шокиран, плачев како дете и повраќав. Ми беше ужасно тешко“, се сеќава Арнаутовиќ кога му ја украле колата.
Марко му заѕвонил на Ето и му раскажал што се случило: 
„Сем беше коректен и добар, ми кажа ти ништо не си виновен. Но јас му ѕвонев дење и ноќе да му се изјадувам. Се толку влијаеше на мене што не можев да тренирам. На крајот, фала Богу конечно ја најдоа колата, се плашев Сем да не помисли дека сум барал некој да ја украде“, додава Арнаутовиќ за случката со украденото Бентли.

Еднаш Жозе Мурињо, тогаш тренер на Интер го прашале каков е Арнаутовиќ, а Специјалниот одговорил: „Марко е одличен дечко, но размислува и се однесува како дете".

Австриецот со српски корени (мајка му е Австријка, татко му е Србин) тогаш објаснил за што станува збор: кога се повредил и не тренирал почнал редовно да оди во ноќните клубови во Милано каде што пиел. „Излегував пет дена во неделата. Сакав да побегнам од се, но избрав погрешен начин", се правдал високиот техничар.

По Интер, Арнаутовиќ замина во премиерлигашот Стоук, а Мурињо се врати во Челси. Во ноември лани напаѓачот им даде на Сините ефектен гол со ножички за победа а после еден месец Жозе го избркаа од Челси
.

Кога Интер ја освои Лигата на шампионите, Марко Арнаутовиќ на своите копачки имал натпис „Победник на Лигата на шампионите", излегол со нив на тренинг во Вердер Бремен, а по неколку дена дознале дека тој за миланскиот клуб во ЛШ не одиграл ниту една минута. Сезоната во Бремен уште не почнала, а спортскиот директор изјавил: „Тој не знае дека овде заедно живееме и работиме сите, ако не сфати, за него нема иднина во Вердер".

Арнаутовиќ не ги сака австриските новинари: „Кога Австрија ќе загуби, виновен сум само јас. Кога ќе дадам два гола и ќе победиме, ме прашуваат зошто не сум дал три? Зборуваат само за мене и за Алаба. Но тој е светецот, а јас сум идиотот. Германските новинари? Слична приказна. Кога заминав од Бундес лигата ми се јавуваат и бараат да се вратам. Без мене немале за што да пишуваат, немале работа. А подобро да не ги читам тие срања", вели лидерот на нападот на Австрија во квалификациите и на претсојното Европско.

Германските новинари еднаш после тежок пораз на клубот го прашале каква е идеалната девојка за него, тој одговорил: „Црнокоса, тетовирана и со силиконски цицки".

Сите пишувале и за тоа како Арнаутовиќ се скарал со тогашниот тренер на Вердер, Томас Шаф кога еднаш не му пружил рака откако овој го извадил од игра. По неколку месеци германските новинари дознале за скандалот кога Арнаутовиќ го запрела полиција за пребрзо возење, а тој им рекол: „Имам пари да ве купам за цел живот".

Подоцна се извини јавно и им дал на полицајците две карти за натпревари на репрезентацијата на Австрија. Во Вердер се памети и случајот кога Арнаутовиќ доживеал тешка повреда кога си играл со кучето во дворот. Во клубот сакале да го казнат парично кога им рекол дека додека играл со кучето, ногата му зализгала и ги скинал лигаментите по што отсуствувал шест недели.

Во 2013-та година на тренинг се степал со соиграчот Сократис Папастатопулос (сега во Дортмунд). Како што се гледа на видеото Гркот по еден дуел, му се извинува на Арнаутовиќ, кој му дофрла нешто по што стоперот го удира.

Како играч на Вердер, на средбата со Хамбург се обиде да ги тестира нервите на германскиот судија. Резултатот е јасен:

Во Милано се дружел со Марио Балотели. „Марко и Марио се најдобри другари и прават исти проблеми", изјавил еднаш Мурињо. Кога Арнаутовиќ замина за Англија, во Стоук, Марио изјави: „Наскоро во Англија ќе заборават кој бил тој Балотели". Кога го донеле во Стоук, од клубот соопштиле дека тој е гласен на теренот, но мирен во секојдневниот живот. Единствен екцес, по пишување на „жолтиот" Сан, Арнаутовиќ направил кога видел голем пајак во бањата и се јавил во клубот да пратат некој да му помогне да се ослободи.

Напаѓачот вели дека сега кога добил ќерка која што се вика Сара, подобро е да се смири: „Имам голема одговорност врз себе. Сега е подобро да молчам и работам." Сезонава што измина беше најдобра во кариерата на Австриецот: даде 12 голови во сите натпреварувања а погодоци даваше и против најголемите: Челси, Манчестер Сити, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Сепак не крие дека сака да игра во Лигата на шампионите.

Од друга страна, најзаслужен е што Австрија после цели 8 години ќе игра на едно големо натпреварување. Но докажа и дека волкот влакното го менува, навиките не ги менува на пријателската против Холандија минатата сабота кога го плукна противничкиот бек Тете: