Таг: стоук сити

Човекот со змија во џеб конечно извади пари, а Крауч претставен како робот

Штотуку завршениот зимски преоден рок во најдобрите европски лиги не беше баш гласен и бурен. Тишината во англискиот фудбал накратко ја прекина Њукасл а добра забава приреди и Барнли со трансферот на џинот.

Ако се браниш, брани се к’о некогаш Брајтон со Стоук

Инсертиве се од меч меѓу овие два тима одигран во Премиер лигата пред крајот на минатата сезона. Фудбалерите на Стоук напаѓаат како волци, а овие се бранат храбро до последна секунда.

Како стигна Чупо-Мотинг до ПСЖ?

Во ситуација кога многумина очекуваа да загрми од Париз нов трансфер вреден милијарди евра, германскиот тренер на клупата на ПСЖ Томас Тухел се реши да доведе еден висок шпиц кој го тренирал уште од времето во Мајнц. На општа зачуденост на сите.

Играч на Стоук добил три бебиња од различни жени за 6 недели

Минатата сезона Стоук Сити испадна од англиската Премиер лига во пеколниот Чемпионшип каде уште не може да ја најде својата игра. Еден од кривците за катастрофалниот учинок во последните неколку месеци е и шпицот Саидо Берахино.

Фудбалерот кој ги изведуваше најопасните аути на свет

Тренерите и играчите пробуваа сè за да го спречат. Се загреваа пред него, му местеа рекламни паноа за да не може да фати голем залет, навивачите му мавтаа, а Венгер бараше да се забрани неговото изведување аут.

Фудбалерот кој не може да не го сакате

Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.

Шаќири ќе игра за Косово затоа што остана без капитенска лента

Најдобриот фудбалер на Швајцарија, Ѓердан Шаќири го нарушил мирот во кампот на оваа репрезентација откако изјавил дека ќе продолжи да игра за Косово затоа што му ја зеле капитенската лента во Швајцарија.

Австрискиот Златан кој со покајание оди на Европско

Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.

Мурињо не смее да седи ниту во клупскиот автобус

Тренерот на Челси денес нема да може да го води клубот од клупата против Стоук, откако ФА го суспендираше за овој меч поради тоа што два пати одбил да ја напушти соблекувалната на судиите после мечот со Вест Хем минатиот месец.

Големината на Френки Лампард

Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.

Кога волејот не се брани

Скоро секој голман знае дека тешко ќе се справи со шутот од волеј на противничките играчи, а тоа им се случи на голманите на Рошдејл во Англија и Мехелен во Белгија.

Чарли Адам дели лакти, Ширле германски упорен

Со головите на Џон Тери и Фабрегас Челси вчера го победи Стоук 0:2, а домашните фудбалери не можеа да се помират со резултатот, па фрустрациите ги демонстрираа преку груба игра.

Фелаини е трчи лажи

Додека играше во Евертон, Белгиецот беше меѓу омилените фудбалери во Премиер лигата, но откако дојде во Манчестер Јунајтед, стана најомразен, затоа што нема натпревар, а да не направи проблем. Прво го удри со лакт Џо Ален, па ги плукна Серхио Агуеро и Пабло Забалета, а вчера се држеше за врат откако го удрија по рака.

Најдобро тетовирани фудбалери

Ако фудбалерите од старата школа пуштаа бради и носеа џигерици, во последно време тешко е да се види фудбалер што нема макар една тетоважа.

Следете го брилијантниот пример на Стоук Сити

Не постои навивач кој не би кажал „браво" за понудата на премиерлигашот која се однесува на своите навивачи. Таа едноставно гласи вака: Патувајте со нас наредната сезона ГРАТИС на сите гостински натпревари од домашното првенство.

Фудбалерите на Стоук продолжуваат со идиотските игри

Изминатиов период често пишувавме за морбидните игри на навивачките групи во Бугарија, Србија, Шпанија и Италија кои им копаа гробови на фудбалерите во знак на протест, но овој пат актери на глупавите игри се фудбалерите, кои за 4 дена направија две работи со кои тотално се посрамотија.

Најстариот премиерлигаш дувна 150 свеќи

Стоук Сити е најантичкиот клуб во Премиер лигата кој е основан во далечната 1863 година под името Стоук Ремблерс. Во својата 150 годишна историја има освоено само еден Лига Куп.

Сити го победи Стоук со помош на реклами

Фудбалерите на Стоук се познати по нивната тактика на долги уфрлувања при изведувањето на аути, па Манчестер Сити им го скрати просторот до теренот со помош на рекламните паноа.

Глумата на Суарез

Џабе го критикувате Суарез за неговото паѓање против Стоук. Стварно имаше опструкција, ама на ТВ ние тоа не го видовме. Еве што навистина се случи.

Слабата репрезентација му го расипа трансферот на Попов

Малку фалеше Македонија повторно да има фудбалер во Премиер лигата, но преминот на Горан Попов во Стоук Сити пропадна откако тој не доби работна дозвола заради мизерниот пласман на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата.