Клубот од „Сент Џејмс Парк“ го обнови трансфер рекордот кој го држеше од 2005-та година (ниту еден клуб од Премиер лига не чекал толку да потроши повеќе пари по последен рекорден трансфер).
Сопственикот на клубот и најомразен човек од навивачите на Њукасл, Мајк Ешли со години го држеше стегнат каишот но во зимата 2019 тренерот Рафа Бенитез дочека овој да го одврзе кесето.
Во Њукасл од МЛС (Атланта Јунајтед) доаѓа Парагваецот Мигел Алмирон за 21 милион фунти!
Алмирон игра во среден ред и стана најскапо платен играч на Њукасл по Мајкл Овен за кого клубот на Реал Мадрид му плати меѓу 16 и 17 милиони фунти во 2005 година.
Sky Sports, BBC, Daily Mail и Transfermarkt пишуваа дека со сите трансфер бонуси Овен на крајот ги чинел 22,5 милиони фунти. Од друга страна 21 милион фунти се рекордна заработка за клуб од американската МЛС лига.
„Овој играч Рафа го бараше веќе една година. Мислам дека чекаше долго. Му благодарам на Рафа за трпението. „Ние одамна сме навикнати да го гледаме Њукасл во друштво на кандидати за испаѓање во Чемпионшип. Сезонава пак е така. До зоната на испаѓање има пет бода. Иако победата над Сити не окуражи. Бенитез верува дека Алмирон може да помогне. Има брзина, може да игра зад напаѓачите. Ни требаше некој кој може да дава голови и да асистира. Знам дека МЛС не е Премиер лига, но Алмирон има потенцијал“, рекол директорот на Њукасл Ли Чарлни после потписот.
Сезонава Њукасл потпишал уште осум фудбалери (две позајмици, еден слободен трансфер и за никој не платиле повеќе од 10 милиони фунти). Најдобра позајмица од минатото лето им е Соломон Рондон кој постигна 7 гола досега.
Новото засилување Алмирон од Парагвај во Атланта Јунајтед играл 10-ка и постигнал 13 гола (1 во плејофот на МЛС) и имал 13 асистенции (сите во регуларниот дел од сезоната).
КРАУЧ КАКО РОБОТ ВО БАРНЛИ
На последниот ден од преодниот рок Питер Крауч се врати од чемпионшип во премиер лига. Потпиша договор со Барнли којшто објави за трансферот на Пит со интересно видео поврзано со него:
Announcing... 🤖@petercrouch pic.twitter.com/AsqauruKHp
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) January 31, 2019
Во 2006-та година, пред 13 години, Питер Крауч првпат го промовирал необичното празнување гол - танцот на роботот на меч против Јамајка. Оваа прослава стана хит во Англија но долго време Крауч не ја повтори. Во февруари 2017 Питер го постигна 100. гол во Премиер лигата и одново го направи фамозниот танц.
https://dugout.com/stokecity/the-story-behind-peter-crouch-s-robot
Танцов многу станал познат во Британија па кога Пит одел по улица, редовно некој му го правел роботанцот. Еднаш кога репрезентативците на Англија биле на средба со кралското семејство, принцот Вилијам го замолил Крауч ако може да го изведе танцот:
Има уште една легенда за робокрауч. Еднаш бил во бар на Ибица и некој гостин му рекол: „Еј, дечкото-робот!“ А Крауч, секогаш спремен на добра зафрканција потоа дознал од другар му дека човекот бил Мики Рурк по што Питер се свртел кон фамозниот глумец и му го направил роботанцот.
На 20 октомври 2018 центарфорот на Арсенал Александар Лаказет танцувал во стил на робот на тренинг на екипата. Крауч на Твитер напишал дека ќе разговара со адвокатите за тоа:
My lawyers will be in touch
— Peter Crouch (@petercrouch) October 19, 2018