Таг: барнли

Дуел од Премиер лига кој ќе беше подобро да не го фати камера

Нил Мопеј од Брајтон против Ерик Питерс од Барнли. На почеток ќе разбереме, борба за топка, ама на крај ја претера и ќе влезе во некоја неславна компилација на потези во фудбалот.

Уште постојат англиски касапини

Барнли во Англија важи за клуб кој уште се држи до старата англиска фудбалска школа. За овој тим меѓу другите фудбалери, играат и грубијани растени по тамошните пабови а навивачите сакаат само домашни играчи. Пример викендов на мечот со Лидс Јунајтед кој заврши 1-1 шпицот Ешли Барнс буквално го скрши бекот Стјуарт Далас.

Ливерпул не дал гол во 2021 и изгуби дома првпат после 68 меча во Премиер

Англискиот шампион дефинитивно е во криза. Јирген Клоп беше толку фрустриран што на полувреме му се пушти на гостинскиот тренер во жестока расправија. Не знаат за гол долго време.

Избркан од работа дечкото одговорен за банерот “Животите на белците се важни“

„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.

Пораката од авион над стадионот на Манчестер Сити која ја збуни Англија

После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.

Најлош Манчестер Јунајтед во ХХI век после 24 кола, навивачите масовно го напуштаат стадионот

После поразот од Ливерпул, Јунајтед изгуби дома 0-2 од Барнли. На десетина минути пред крајот од мечот илјадници навивачи го напуштија „Олд Трафорд“.

Првиот жолт картон за бакнеж во Премиер лига

За време на мечот Барнли - Кардиф (2:0) се случи една смешна епизода меѓу двајца играчи кои добија жолти картони иако не направија ништо страшно.

Човекот со змија во џеб конечно извади пари, а Крауч претставен како робот

Штотуку завршениот зимски преоден рок во најдобрите европски лиги не беше баш гласен и бурен. Тишината во англискиот фудбал накратко ја прекина Њукасл а добра забава приреди и Барнли со трансферот на џинот.

Навивач на Барнли кој лекува депресија со трчање на секој гостински меч

Еден од честите совети на лекарите и психотерапевтите е дека напорното физичко вежбање и трчање е една од насоките на патот кон излегување од тешката депресија и другите анксиозни состојби.

Промашување на сезоната од Рахим Стерлинг

Тимот на Барнли е меѓу ретките во последно време кој успеа да го сопре Манчестер Сити и да му земе бод (1-1). Но сè ќе беше подруго ако Стерлинг не промаши празен гол во 71’ минута при 0-1.

Чекај, како мислиш Барнли е четврт во Премиер лига?

Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?

На Алиоски и Лидс полиција им кажуваше каде ќе шутираат пенали

Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски го постигна вториот гол во пенал серијата на мечот Барнли - Лидс од англискиот Карабао Куп (Лига Куп). Интересно е што по крајот на регуларните 90 минути (2-2), полицијата проценуваше која трибина зад головите е помалку ризична од навивачите за да се изведуваат пенали.

Милвол живее за ФА Купот, Линколн направи чудо

Со играч помалку, третолигашот Милвол го елиминираше актуелниот шампион Лестер од Купот. Голот падна во 90. минута а го даде Камингс, после што навивачите на Милвол прославија на својствен начин.

Јунак на мечот Барнли - Челси

Барнли е тврд орев сезонава што покажа и денес со ремито од 1-1 против лидерот Челси, Мечот по освоениот бод, еден мал навивач на Барнли ќе го памети и по тоа што татко му го спаси од една топка која силно одеше во него.

Најголемиот силеџија се врати во Премиер

По неуспешната екскурзија во Глазгов Ренџерс каде се скара со секој жив и го фатија дека играл кладилница, Џои Бартон се врати во Барнли, тимот кој лани по негова заслуга влезе во Премиер лигата.

Голманот кој излуде 75.325 души на „Олд Трафорд“

Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?

Мидлзборо и Барнли се нови премиерлигаши

Благодарение на подобрата гол разлика од директниот ривал, Мидлзборо успеа да се пласира во Премиер лигата и покрај ремито од 1:1 со Брајтон. Убедливо прв во Чемпионшип е Барнли кој пласман обезбеди минатиот понеделник.

Премиерлигашки забавник

Со шест натпревари и 15 голови вчера се затвори 25. коло од Премиер лигата. Челси на крајот го совлада Евертон со голот на Вилијан, а убедливи беа двете екипи од Манчестер. Граѓаните славеа 4:1 на гости кај Стоук, а Јунајтед дома 3:1 против Барнли.

Премиер лигата пак на долги топки

Црвените ѓаволи сезонава играат фудбал, каков што не игра ниту една од водечките екипи, игра на долги додавања. Само Барнли има повеќе долги пасови од Јунајтед, а Евертон и Астон Вила 90 минути ги трчаат своите напаѓачи кои се мачат да примат топка.

Премиерлигашки забавник

По двете празнични кола одиграни во само два дена, Челси ја освои есенската титула, откако Барнли го изненади Манчестер Сити на Етихад 2-2. Јунајтед ремизираше против Тотенхем 0:0, како и Челси против Саутемптон на гости 1:1. Вечерва Ливерпул го пречекува Свонси.

Новите прволигаши не сакаат странци

Додека фудбалските власти во најсилните екипи на континентот често се тепаат за бомбастични странски имиња, некои екипи трчаат по топката само со домашни играчи. Еибар, Барнли, Падерборн и Каен во елитата се приклучија претежно со деца од дома.

Црвен картон за маскотата

Маскотата на англискиот второлигаш Барнли заработи црвен картон од судијата на натпреварот против КПР.