Англискиот Чемпионшип е лига за која се вели дека и Барселона тешко би обезбедила пласман во Премиер лигата, поради тврдата конкуренција и можноста секој секого да победи.
Во последното коло одиграно денес, Барлни со 93 бода заврши прв а Мидлзборо втор со 89 колку што има и Брајтон, но Црвено-белите после седум години одат во елитното друштво поради подобрата гол-разлика, а Брајтон ќе мора да оди по потешкиот пат на плејофот.
Чемпионшип важи за натпреварување од каде првите две екипи заработуваат буквално најмногу пари од телевизиски и други права, повеќе дури и од натпреварувањата под закрила на УЕФА.
Во директен дуел за Премиер лигата, Мидлзборо денес поведе 1:0 во 20. минута преку Кристијан Стуани. Брајтон израмни преку Дејл Стефенс на почетокот на вториот дел, но истиот играч добри директен црвен картон само четири минути подоцна и гостите немаа шанса за пресврт.
На крајот голема радост на навивачите на Мидлзборо кои влегоа на теренот и го прославија четвртиот историски пласман во најдоброто друштво.
За третата виза која што води во Премиер лигата ќе се борат уште и Хал, Дерби Каунти и Шефилд Венздеј. Од Чемпионшип испаднаа Чарлтон, Милтон Кејнс Донс и Болтон.