Борбата за опстанок и преживување во Серија А е во самата кулминација а веќе знаеме кој ќе заземе едно од слободните места. На 7 кола до крајот од сезоната Беневенто ја освои Серија Б и за вторпат во клупската историја после 2016/2017 ќе игра во елитната Серија А.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
Американската репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското 2019. По Французите, скалпот им го зема и Србија која претпладнево беше подобра со 94:89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21). Кемба, Мидлтон и другарите ќе завршат 7-ми или 8-ми.
Од Бундеслига испаднаа до трета лига, па за 5 години се вратија назад. Со таква леснотија испаѓаат и се враќаат нагоре, што човек ќе помисли дека им здосадува играње во една лига повеќе од една сезона.
Онака како што и се предвидуваше, Македонија ги победи двете послаби селекции во групата, од двете посилни изгуби и сега останува да се удри машки на „Викинзите“ од Исланд.
Денес започнува третото последно коло од групната фаза на Светското првенство. Шест тима се квалификуваа а има уште 10 слободни места. Да ѕирнеме на кој што му треба.
Една од најубавите вести на крајот од сезонава е тоа што Парма после три години во пониските лиги и објавата на банкрот, се враќа таму каде што и е место.
Од кога се играат квалификации за Светско првенство, вклучувајќи ги и настапите со Западна Германија од 1934-та до октомври 2017-та, Германците одиграле 91 меч: Победиле на 72, ремизирале на 17 а загубиле само два. Дале 282 гола, примиле 67. Највисока победа им е против Кипар 12:0 а најголем пораз од Англија 1:5.
Благодарение на подобрата гол разлика од директниот ривал, Мидлзборо успеа да се пласира во Премиер лигата и покрај ремито од 1:1 со Брајтон. Убедливо прв во Чемпионшип е Барнли кој пласман обезбеди минатиот понеделник.
Екипата на Кротоне влезе во историјата, откако првпат во своето постоење обезбеди пласман во Серија А за следната сезона. На три кола пред крајот, со ремито во Модена прославија неверојатен успех.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.