Беневенто на Пипо Инзаги влезе во Серија А и ќе игра дерби со брат му

Борбата за опстанок и преживување во Серија А е во самата кулминација а веќе знаеме кој ќе заземе едно од слободните места. На 7 кола до крајот од сезоната Беневенто ја освои Серија Б и за вторпат во клупската историја после 2016/2017 ќе игра во елитната Серија А.

Беневенто од клупа го води Филипо Инзаги кој се испостави дека на крај конечно одбра прав клуб.

Погледнете:

Интересно, уште пред еден месец беше очигледно дека Беневенто нема кој да го сопре на патот во друштво на Јувентус, Интер, Наполи, Лацио, Рома, Милан итн.

Во еден момент фудбалската федерација на Италија разгледувала и опција да го прекине фудбалот во пониските лиги и да нема испаѓање од Серија А сезонава ниту од Серија Б, но на крај фудбалот победи.

Беневенто собра 76 бода на 31 меч во Серија Б и тоа е рекорд на турнирот. Пример минатата година на Бреша и беа доволни 67 бода за да победи во Серија Б.

Тимот предводен од Пипо Инѕаги има само 1 пораз и само 15 примени голови цела сезона. Со одбраната командува Кристијан Маџо, поранешен италијански репрезентативец и екс играч на Наполи од каде пред 2 години дошол.

На 38 години Маџо одигра 27 меча сезонава и имал 3 гола и 5 асистенции.

Нападот го предводи уште еден поранешен фудбалер на Наполи - 26-годишниот Роберто Инсиње, брат на Лоренцо. Овој центарфор има 7 гола и 5 асистенции, и иако бројките не се големи, сепак во екипата нема силно изразен стрелец - од 56 гола во шампионатот најмногу дале Виола (9), Сау (9), Кода (7) и Инсиње (7).

 

Во новата сезона Беневенто ќе игра со едно супер засилување - клубот потпишал 3-годишен договор со Лоик Реми, повремен француски репрезентативец и некогаш одличен стрелец во Премиер лига. Италијанските медиуми пишуваат и дека Беневенте сериозно загризал за одличниот стопер полскиот репрезентативец Камил Глик, како и за Андре Ширле кои се слободни агенти летово.

ГЛАВНА ВЕСТ ЌЕ БИДЕ ДЕРБИТО НА БРАЌАТА

Една од најголемите интриги во сезоната 2020/2021 ќе биде дуелот меѓу Симоне и Пипо Инзаги.

Браќата интересно никогаш не играа заедно во ист клуб, а во репрезентацијата се нашле само еднаш. Тренерскиот пат на браќата Инзаги се пресече еднаш и тоа во декември 2018-та кога Болоња на Филипо изгуби од Лацио на Симоне со 0:2.

Во март 2020-та Инзаги помладиот одново ја победи Болоња со 2:0 но тогаш веќе тренер на Болоњезите стана Синиша Михајловиќ. Лацио после тој меч стана лидер во Серија А а во тој момент во Серија Б првопласиран беше Беневенто со Пипо Инзаги на клупата.

Тоа беше првпат во историјата на европскиот фудбал двајца бвраќа истовремено да бидат лидери во првите две лиги во земјата.

Пипо беше подобар како играч, но го признава тренерскиот талент на брат му:

„Симоне е подобар од мене во се. Јас можам само да учам од него. Он е современ тренер. Неговата работа во Лацио е нешто неверојатно“, изјавил Инзаги-постариот.

Можно е Симоне да му помогне со совети Беневенто да не испадне уште во првата сезона од Серија А.